"Господинот Ердоган успеа ноќта меѓу 15 и 16 јули 2016, против модерните варвари, со легални и легитимни средства и сесрдна помош од народот, да ги одбрани институциите на Република Турција како демократски и историски облик на владеење на правото и правната држава. На принципите на творецот на модерна Турција, Кемал Ататурк, сочувана е демократска, секуларна, модерна и силна држава во која во потполност се почитуваат човековите права и слободи кои гарантираат рамноправност на сите жители на Република Турција", се наведува во соопштението за медиумите.
Зад ваквиот предлог стојат три граѓански здруженија од Босна и Херцеговина, меѓу кои е и Здружението на демократски правници.
Ердоган со своите соработници успеал да ја сузбие сиромаштијата и криминалот, да го подигне стопанскиот и економски раст на Турција, внесувајќи ја меѓу 15-те најразвиени земји на светот, велат предлагачите според кои сè што Ердоган правел минативе 15-20 години придонело Турција да стане куќа на мирот која придонесува за стабилноста и мирот на светската заедница.