
Како што забележува дека некој крајно посветено му го празни овоштарникот, приказната добива комплетно балкански тек на настаните, па сопственикот прво се нафрла на крадецот и го претепува до изнемоштеност, а потоа му приоѓа на "главниот соучесник" на кражбата, рено клио, кое го потпалува и го остава да изгори.
Инцидентот се случува на некогаш заедничкиот земјоделски имот во близина на Прокупље, а оправданието на берачот е дека мислел дека се работи за државно земјиште.
Случајот во полиција не го пријавува газдата на овоштарникот, туку претепаниот берач. Приказната е потврдена и во полиција, а во целата работа е вклучено тамошното јавно обвинителство, и целата работа се движи кон тоа да заврши на суд.