Балкан

Се сеќава ли некој на Џемал Биједиќ?

На денешен ден 1977-ма година во авионска несреќа загина Џемал Биједиќ, висок функционер на тогашната СФРЈ и близок соработник на Тито. Неговата смрт се памти како фитил за една од првите масовни, но претпазливо ширени теории на заговор во тогашната држава.

Фотограф на 2015: Јанис Бахракис, Грција

Гардијан го прогаси Јанис Бахракис за фоторепортер на 2015 година. Гркот имаше несреќа да биде блиску до двете големи приказни на оваа година: финансиската имплозија на Грците кои ја растресоа Европската Унија и бегалската драма која сè уште го збунува континентот.

Зошто Грците ги откопуваат своите мртви?

Три години обично е рокот по кој семејствата во Грција се одлучуваат да ги ексхумираат останките на своите најблиски, кои потоа, со доплаќање, се чуваат во костурница, ако не се фрлаат во дупка.

Гркинки по цена на сендвич

По основа на бројки за околу 17.000 секс работнички, мометално Гркинките доминираат во проституцијата во Грција, позиција што до сега беше резервирана за жените од Источна Европа, стои во извештајот објавен од Вашингтон Пост, кој текстот го почнува со "младите Гркинки се продаваат по цена од сендвич по 6-те години болни мерки за штедење кои ја турнаа европската земја до финасискиот раб."

Фолксваген: еве како сè ќе средиме

Во видео објавено на својот ЈуТјуб канал, Фолксваген груп го претставија планот за решавањето на проблемот со ЕА 189 дизел моторот (1,6 и 2 литарски), кој беше првообвинет во скандалот за штелување на резултатите за издувни гасови.

Земјата со 3 претседатели и 13 премиери

Следниот месец е 20-годишнината од Дејтонскиот договор, со кој се заврши 3 и пол годишната војна во БиХ во која загинаа 100.000 луѓе, а над 2 милиона беа раселени. Според Ричард Холбрук, Дејтон "беше постигнат од американска администрација која повеќе беше решена да стави крај на војната... отколку да воспостави основа за спроводлива и одржлива држава."

Фераловците за изборите во Хрватска

Хрватите денес бираат меѓу Милановиќ и Карамарко, меѓу ХДЗ и СДП. Ќе слушнеме ние како минале изборите, што решиле граѓаните ама сепак нема да ни биде јасно што тоа таму вистински се случува. Затоа на помош ги викаме трите докажани наречници од Ферал Трибјун, Иванчиќ, Луциќ и Дежуловиќ. Колку е таму 'исто а не е исто' како овде, просудете сами.

Ако ние ги затвориме границите, ќе има војна на Балканот

Бранејќи ја својата политика за отвореност кон бегалците, германската кацеларка Ангела Меркел предупреди на формулата од која многумина сè повеќе страхуваат.

Како се режираат афери?

По повод својот фин јубилеј, без-Временци организираа трибина на наведената тема. Се допираат речиси идентични проблеми на нашиве и топло препорачуваме да слушнете што имааат да кажат Теофил Панчиќ (Аферите се начин да се деполитизира политиката и сите да се бавиме со она што го занима малограѓанинот), Филип Шварм (монолитната власт се наоѓа во состојба на континуирана политичка кампања) и уметникот на репортажите Драган Тодоровиќ (Партизацијата оди низ целата општествена пирамида).

10-страната војна на Турција со самата себе

Турција е земја растргната од непомирливите разлики меѓу политичките институции базирани на западен стил и муслиманските културни и цивилизациски основи на турското општество, пишува во текст од 1993-та, американскиот политиколог Самуел Хантингтон. Истото ова тврдење го има и турскиот премиер Ахмет Давитоглу во неговата дисертација од 1984-та.

Ќе заживее ли Убер на Балканот?

Убер е монструозно порасната компанија која се занимава со алтернативен превоз на патници во кој се заобиколуваат таксистите. Ја има во Бугарија, наскоро ќе влезе во Хрватска, Србите имаат своја варијанта а колку што знаеме за овде, од Убер абер се нема.

Нема веќе ТОЗ моливи

Никој веќе нема да учи да пишува со моливите на ТОЗ (Tvornica olovaka Zagreb). Фирмата е ставена под катанец по најкласичното транзициско сценарио. Ќе го лапаат просторот за апартмани и деловни простории.

Беше, Бог да го прости, невозможен човек

Имаше деновиве човечки убави и искрени испраќања од починатиот Арсен; Раде Шербеџија и  Зоран Предин, Миљенко Јерговиќ, Ѓорѓе Балашевиќ....Одбираме да ви го пренесеме сеќавањето на Анте Томиќ за епизодата кога му земал интервју за Плејбој. За контроверзите во самиот Арсен, за простаклукот и аристократската рафинираност кои истовремено ги поседувал. Му кажал еднаш Томиќ: "Се имате повлечено во себе". Арсен одговорил: "Е, не, во тебе ќе се повлекувам".

Сејо 2014

Кога веќе никој друг нејќе, еден босански угостител сам себе си подигнал бронзен споменик во природна големина.

Од профилот на Њујоркер за Варуфакис

Текстот кој треба да се појави во печатеното издание на магазинот од 3-ти август, почнува со: Како еден радикален министер за финансии тргна во битка со Европа - и ја загуби.

Игра на Грците

Подемот и падот на Грција објаснува многу работи за Европа, политиката и моќта - на начин не поразличен од Игра на тронови.

Како да ја преценив грчката влада

Во разговор со Фарид Закариа од СиЕнЕн, Кругман на грб на Грција ретерираше околу најголемиот дел од работите што ги пиша во Њујорк Тајмс: "не ни помислив дека тие се подготвени да се спротивстават без да имаат каков било бекап план... неверојатно - они мислеа дека едноставно само ќе бараат подобри услови без никаков бекап план... Па јас, како што гледате, веројатно ја преценив компетентноста на грчката влада."

Не купувајте германско

По примерот на сите успешни акции за блокирање на душмански странски производи (Македонци против грчко, Срби против Фруктал и сл.), Грците одлучија дека е време да и нанесат лута рана на германската економија и да ги бојкотираат германските производи.

Варуфакис, бунтовник без причина

Откако цела седмица тераше лута непоколеблива кампања за гласање "НЕ" на грчкиот референдум, Варуфакис вечерта на 5-ти јули ја дочека победоносно. Следното утро сред победничка атмосфера и со обновена доверба од граѓаните, Варуфакис поднесe оставка на министерската позиција, ама остана парламентарец.

Помогни ѝ на Грција, купи остров

Една од кафанските логики за тоа зошто Грција никогаш нема да пропадне е - има илјадници острови, сто да продаде ќе се спаси. Ако ја прескокнеме целата економска логика, макроекономските сили и здравиот разум, и одиме по оваа линија за спас на земјата, тогаш ова најевтиниот придонес за да ѝ се помогне.

Веќе не сум министер!

Референдумот од 5-ти јули ќе остане како уникатен момент во историјата, кога една мала европска нација се крена против ропството на долгот.

Грците ја одбија Европа

Наспроти не баш малиот број македонски дејци  кои своевремено запнаа да убедуваат дека референдум (во нашиот случај за името) е кукавичлук, криење зад народот и недостаток на лидерски капацитет, Грците референдумски се изјаснија за прашање кое го сметаат за важно со резултат кој изненади многумина.

Како Голдман Сакс ја научи Грција да го маскира долгот

Целата стратегија е да се најде начин да се заобиколат правилата за ограничување на дефицит од Мастришкиот договор, а дојавата од Голдман Сакс до Грците е дека цаката е договор за финансиски деривати, кој ќе им дозволи да соберат дополнителен кредит што ЕУ не може да го забележи.

За грчките работи

Ноќеска на Грција и истече рокот за плаќање на рата од долгот кон кредиторите со што земјата и официјално влезе во долго најавуваниот банкрот. Без разлика колку тоа изгледа траорно, ова е некаде 6-ти пат во поновата историја Грција да банкротира.