Тоа што курдското прашање отсекогаш се користи како адут од сите политички фактори за промоција на сопствените агенди не е незаслужено, ама не значи и дека е единствен конфликт во земјата.
Освен ова, Стивен Кук во текстот за Атлантик набројува уште 9 други активни конфликти во турското општество:
- Партијата за правда и развој (АКП) против Републиканската народна партија (ЦХП)
- АКП против Партијата на националистичко движење (МХП)
- АКП против Народната демократска партија (ХДП)
- АКП против Ѓуленистите
- Сите против Работничката партија на Курдистан (ПКК)
- МХП против ХДП
- Сите против самопрогласената ИСИС
и
- Алавити против сунити.
Тоа што бомбашкиот напад во Анкара е неизмерлива трагедија, нема на ниту еден начин да им попречи на политичарите да ја искористат ситуацијата во сопствена корист, посебно како што се наближува 1-ви ноември, датумот за кога е закажано репризирањето на јунските избори.
"Тажната реалност е дека турското општество сега е составено од меѓусебно недоверливи кампови. Политичките удари меѓу АКП и ХДП како и неискрениот повик на ЦХП за оставка на министрите за правда и внатрешни работи и нивна одговорност, не се ништо повеќе од предизборно позирање што само ја засилува политичката поделеност кој придонесува кон крвавиот ќорсокак на Турција. Одговорноста ќе биде добредојден и корисен напредок во постојаната потрага на Турција по национално единство, ама збирот околности неопходни за вакво лидерство едноставно не постои во моментов. Целиот политички поттик за турските политичари е всушност да трчаат во спротивен правец, поттикнувајќи ги нив да ја искористат смртта на стотици луѓе за да ги делегитимизираат своите противници и да освојат гласови. Ова не ги прави турските политичари ништо поголеми кукавици од кои било други политичари, ама во контекст на турскиот судир со курдскиот национализам и лепезата од поврзани политички борби, последователниот подоптимален исход ќе биде само покрвав," анализира Кук.