Истражување на Центарот за Евро-Атлантатски истражувања во Србија покажа дека 57% од младите сакаат во нивната земја да има руски воени бази а 64% целосно ја поддржуваат руската надворешна политика.
Претставници на Центарот признаа дека "мнозинството е уверено дека сојуз со Русија ќе ги зголеми изгледите за вработување, образование и патување и ќе доведе до политичка стабилност на земјата па дури и до нејзина демократизација".
Директорката на Центарот Елена Мичиќ пред некој месец изјави дека руското влијание во Србија е во пораст додека поддршката за европската интеграција на Србија и тн "европски вредности" е во опаѓање.