ЈУНИ 1945
Роден е во село Петњица, Црна Гора. Татко му Вук, четник, поголем дел од детството на синот го минува во затвор.
1960
Се сели во Сараево. Студира медицина, подоцна станува психијатар, се запознава и човечки се жени со Лилјана, се запознава и политички се жени со Добрица Ќосиќ кој го охрабрува да влезе во политика. Во 1983 а е во клубот Црвена Ѕвезда. Во меѓувреме пишува поезија, често лирска, што дава еден морничав контраст во однос на неговите дела.
НАДЕЖ
Во рана мугра, пред изгрејсонце
на прозорецот се јавува надежта.Најчесто гулаб,
да ја замени мислата на тебе.И така тргнува.
Излегува сонцето,
и низ решетките
ги осветлува истите нешта,
почетокот и крајот се исти,
иста суштина помеѓу
недопечените кори.И надежта, секако, првнува.
Беше тешко
нејзиното крилесто присуство.
Ми те затскри и тебе и мене.Оснажен, го вперувам погледот
во црните мигови.* за тие дилеми, поезија версус воени злосторства, видете овде
Во 1984 минува 11 месеци во затвор заради сомнежи за проневера на пари од земјоделски фонд. Успева да го ослободи неговиот пајташ Момчило Крајишник, подоцна исто така еден од лидерите на босанските Срби.
1990
По краткиот флерт со Зелените, Радован Караџиќ се појавува како еден од основачите на Српската демократска странка. Југославија почнува да се распаѓа.
1991
Радован Караџиќ промовира автономија на босанските Срби, со свој парламент.
1992
ОН ја признаваат Босна и Херцеговина како независна држава, Караџиќ и босанските Срби прогласуваат независност од таа независност. Од една претходна парламентарна полемика меѓу Радован Караџиќ и Алија Изетбеговиќ е јасно дека ќе има војна:
Србите го држат под опасада Сараево цели 44 месеци. Во меѓувреме успеваат да освојат 70 проценти од територијата на Босна. Тоа се години на убиства, прогони, етничко чистење, секакви страдања.
ЈУЛИ 1995
Холанѓаните се повлекуваат и Сребреница паѓа во рацете на војската на Ратко Младиќ. Се случува најмасовниот злостор по Втората Светска војна во која планирано и систематски се убиени околу 8 илјади мажи и момчиња од градот и околината.
НОЕМВРИ 1995
Постигнат е Дејтонскиот мировен договор.
1996
Радован Караџиќ се губи од јавниот живот. Се губи секако. Против него е подигнато обвинение, понудена е награда од 5 милиони долари. Подоцна тврди дека имал договор со Ричард Холбрук да не биде апсен.
ЈУЛИ 2008
По 12 годишно криење, уапсен е во Белград, а тркнувал и до Виена. Во меѓувреме комплетно го менува идентитетот, станува доктор по алтернативна медицина и го користи името Драган Дабиќ. Омилена кафана му е Луда куќа во која така преправен седи пред ѕид на кој има слика од него. Никој не забележува ништо.
МАРТ 2016
Осуден е на 40 години затвор: