За Милановиќ и Карамарко
Виктор Иванчиќ: Сè што досега изнесе Томислав Карамарко и што кај него беше во оптек, односно сè што тој иницираше, јасно е, води кон некаква варијанта на фашизам. Од друга страна, Зоран Милановиќ ја користи, особено во последно време, истата националистичка матрица, која би сакал да ја понуди во поубаво издание отколку неговите конкуренти. По мое мислење, Милановиќ сега, по својата политичка вокација, е она што некогаш би го нарекле "поштен ХДЗ-овец". Тој сака да ги победи ХДЗ на изборите со идеја за добриот ХДЗ, и тоа е перверзија.
Предраг Луциќ: Тие двајца толку се увлекуваат во гробот на Туѓман што тамошниот станар би им рекол - "Дечки, ми се гадите". Сепак не е исто кој ќе дојде на власт. Карамарко се заканува со отворена диктатура, дисциплинирање на мислењето, нешто што води кон јасна фашизација. Милановиќ не ветува ништо освен тн. лево кокетирање со национализмот. Виктор вика, "поштен ХДЗ-овец", а јас викам дека ако има таков, нека им биде Зоран Милановиќ, ама нека си го земат кај себе.
Борис Дежуловиќ: Тоа како јас го гледам Зоран Милановиќ, како да ти кажам, е како тој да е шеф на предизборната кампања на Томислав Карамарко, а Томислав Карамарко да е шеф на кампањата на Зоран Милановиќ. Сега е само прашање на варијаблите: кој од нив двајца е подобар и поуспешен водител на кампањата на својот противник и оној кој во моментот на изборите во тоа ќе има подобар рејтинг, ќе ги добие изборите. Тоа се избори кои можат да се случат кога било, бидејќи кампањата е трајна и прашање е само дали Колинда Грабар Китаровиќ добро го темпирала времето кога Милановиќ направил доволно добро за Карамарко, или Карамарко за Милановиќ. Доколку на власт дојде Карамарко, тоа ќе биде вистинска ретуѓманизација, но во пракса. Тоа е извесно, само е прашање е колку од тоа големите господари ќе му го дозволат. Се плашам дека не ни се пишува добро. Исто така се плашам дека црно ни се пишува ако мислиме дека ќе ни биде подобро доколку Карамарко изгуби. Тоа се работи за плус-минус еден посто и минатите избори покажаа дека и онаа голема мантра како големата излесност му оди на рака на СДП е погрешна. Кај Хрватите во политиката е како кај Германците во фудбалот - политиката е спорт во кој учествуваат 4,5 милиони луѓе и секогаш победува ХДЗ.
За Колинда Грабар Китаровиќ
Виктор Иванчиќ: Хрватите сакаат да имаат уште некој политички фактор и таа својата функција ја користи исклучиво како место за говоранции, за навивање, а таа функција, објективно е непотребно. Хрватска не би требала да има претседател а друга работа е што нејзините формални овластувања се такви шптонејзиното влијание би требало да е незначително. Тоа е сега просто место за говорница и таа од тоа место навива, бидејќи што друго би правела кога ништо друго не знае.
Предраг Луциќ: Ние го очекувавме сето тоа. Ни се претставуваше како една фино воспитана госпоѓа со некоја меѓународна кариера, а ова што го видовме во овие неколку месеци просто не одговара на таа слика. Мислам дека нејзиното однесување е всушност непристојно. Имавме ние политичари од секаков тип, сешто имавме, ама никогаш немавме некој вака да се напнува надвор од овластувањата, да се бутка кај што не му е место и да се труди тоа да го прикаже како некоја нужна работа за државата. Тоа навистина го немавме. Таа ми се чини како малку изгубена. Сепак била само чиновник и работела по директиви. Нема да кажам дека и сега работи по директиви но мислам дека всушност нема појма што прави. Тука државнички потег сè уште не видовме. Имаме нешто што пробуваат да ни го претстават како историска пресвртница, демек ќе не откорне од регионот па со неа ќе излеземе на Балтик и на Црно Море, а неа најмногу ќе ја има во регионот, бидејќи овие регионални државници токму затоа се и овде. Од нив тоа очекуваат. Не оние кои ги изгласаа туку оние кои на нивниот избор аплаудираа.
Борис Дежуловиќ: Значи, имаме претседателка на државата која е помошничка на главниот секретар на НАТО на неплатено отсуство. Ние после Фрањо Туѓман го имавме Стипе Месиќ кој целосно го демистификуваше култот на личноста, лидерот, водачот, фирерот, маршалот и врховникот на Хрватите и го сведе на мерка на човек. Потоа го имавме Иво Јосиповиќ која ја демистикуваше и таквата улога на претседателот па ја претвори во нешто што не се меша во својата работа а сега добивме претседателка која сето тоа до крај го урниса и го сведе на мерка на народот и државата со која претседава.
За улогата на медиумите во предизборното време
Виктор Иванчиќ: Едни навиваат за едни, други за други. Улогата на медиумите е непроменливо штетна. Што се однесува до изборите, мислам дека нивната улога не е битна и дека дебело е преценета. Медиумите произведуваат извесна моментална штета, но сепак ништо конкретно и долгорочно. Генерално денес навиваат нешто повеќе за ХДЗ, но тоа е небитно. Битно дека навиваат а тоа никако не би смееле да го прават.
Предраг Луциќ: Мислам дека се понаклонети кон Колинда, тука е главното пумпање. Со оглед на тоа што овие од ХДЗ гледаат дека со Карамарко не може да се гради некоја кампања, пробуваат да го прикажат она што го работи Колинда како нешто што е пресудно за земјата а со што Карамарко би требало да е некако компатибилен.
Борис Дежуловиќ: Кога добив отказ од Слободна Далмација, реков дека се подготвува теренот и сега тоа е потполно јасно. Иако, мислам дека и Карамарко и цела таа екипа околу него ја преценуваат улогата на медиумите. Да се прашуваа медиумите во Хрватска, поинаква би била политичката и општествената слика, барем ако зборуваме за меинстрим медиумите. Медиумите воопшто немаат толку битна улога и мислам дека секоја пара дадена за таа цена е залудно фрлена. Овде картите се одамна поделени и денес би било комплетно исто и ако од Нова Година до денес не беа излегле ниту едни весници.
За цензурата во медиумите
Виктор Иванчиќ: Мислам дека не е фер да инсистираме на прашањето кој е главниот во инструирање на медиумите и уредниците. Оној кој на крајот на краиштата цензурира е уредникот и од него треба да се тргне. Значи, сопственичката структира, уредничката структура па дури потоа ќе зборуваме за Карамарко. Баш ми е гајле каков е Карамарко ако медиумот е структуиран така да ти можеш во него да спроведуваш цензура. Тоа е проблемот.
Предраг Луциќ: Нешто слично гледавме раните 90-ти. Новинари со име и презиме остануваа без работа, некои од нив беа заштитни лица на весниците во кои работеа. На нивно место дојдоа од резервната ергела послушници кои пишуваат отворено партиски, пишуваат во склад со дежурната националистичка догма и онаа економската која следи со тоа - дајте ни инвестиции. Се плашам дека тоа е само почеток на некој процес. Весниците себе се носат во уште поголема неважност од реалната, а за телевизиите и да не зборуваме. Сепак за весници сум врзан цел живот, мислам дека тука најдобро ги препознавам работите и сигурен сум дека ова што го гледавме последниве месеци е само вовед. Може да биде далеку полошо, посебно ако ние новинарите продолжиме да се однесуваме како да е тоа нормално. Никогаш нема сите да бидат послушно, секогаш ќе има дисонантни гласови, но, за жал недостасува и солидарност и свест што би требало да биде наша работа. Ние некогаш сепак имавме некоја илузија.
Борис Дежуловиќ: Пази, цензурата секогаш може да оди и понатаму. Не е ова најлоша цензура која светот ја видел. Секогаш има простор за повеќе. Но, моето темелно прашање е потребата од таа цензура. Сега зборувам чисто макијавелистички, зашто навистина не знам зошто некој кај Хрватите би се бавел со цензура. Хрватите се мобилизирани, Ќиро Блажевиќ би рекол галванизирани, уште во 1991-ва година.