Шешељ - Хаг 9:0

Хашкиот трибунал донесе првостепена ослободителна пресуда по сите 9 точки по кои обвинителството бараше за Шешељ казна од 28 години затвор. Со ваквата одлука на судот Шешељ дефинитивно ја закопа скапата и помпезна лакрдија наречена хашко обвинителство чии правни перјаници со години ги гледавме како се мачат со својата професија, комплетно инфериорни во однос на опасниот, будалест но исклучително вешт радикал.    

Претседавачот на претресниот судски совет, Жан Клод Антонети рече дека обвинителството ни по една од 9-те точки на обвинението не пружило доволно докази и дека Војислав Шешељ е сега слободен човек.

Само по една точка било донесена едногласна одлука, а судијката Флавиja Латaнци во осум случаи имала издовено мислење.

Образложувајќи ја пресудата, Антонети во повеќе наврати укажа на лошата работа на обвинителството, недостатокот на релевантни докази, неконзистентност на обвиненијата и недоследно изведување на посредната одговорност на обвинетиот, недоследно користење на одредени квалификации како што се насилство и злостор и сл.

Војислав Шешев доброволно се пријави во Хаг во 2003 година и целиот овој предолг процес сигурно ќе влезе во не баш најсјајните анали на судската пракса.

Во продолжение неколку бисери од обвинителството и процесот:

Кога Шешељ одбива да му бидат назначени адвокати и им се насерува на сите:

Обвинителството повикува мртов сведок:

Шешељ се заебава со обвинителката која чека одговор на поздравот добар ден:

Шешељ го ремети обвинителот Најс кој го обвинува дека намерно многу вика:

Шешељ против еден непоготвен сведок на обвинителството:

Сведок против Шешељ: Да можам, сега би те убил:

Судијата Антонети: Дали Дража Михајловиќ носеше наочари за вид или за сонце?

"Најдоброто" од Антонети: Како го знаете моето име?
 

Па не Шешељ, Чарлс Менсон би бил на слобода после ваков процес.

31 март 2016 - 12:47