Документот на кој му претходат сите национално понижувачки елементи што ги минува секој што поседува бугарски пасош, Горанците го земаат во надеж дека со него ќе можат да живеат и работат во Унијата.
Линијата Кукуш - Софија ја отвора еден локалец кој со време го согледува потенцијалот на бизнисот. Патувањето, со повратна, чини 60 евра.
Во веста што ја пренесува Балкан инсајт, се објаснува дека Горанците живеат во регионот Гора во Албанија (Македонија, Косово?) и зборуваат словенски јазик сличен на македонскиот и бугарскиот.
"Двојазичната заедница со векови живее во Гора. Сепак, во последните две децении заедницата добиваше понуди за државјанство од сите соседни држави.
На почетокот од 90-те, Србија се обиде да ги прогласи Горанците за српско малцинство, делумно затоа што живеат и на Косово, која Србија се обидуваше да го задржи.
Македонија исто така се обиде да им даде државјанство на Горанците. Следни беа Бугарите. Нивната понуда доведе до далеку поголема миграција," пишува Башким Шала за Балкан Инсајт.