Теа Шкокиќ од загрепскиот Институт за етнологија и Сања Поткоњак од Филозофскиот факултет, во својот текст објаснуваат дека многумина од нив (работничката класа), иако себе си се сметаат за средна класа, ги имаат сите причини за да ја "поддржат радикалната трансформација на политичките, економски и културни односи на периферијата на општеството".
Авторките на текстот заклучуваат дека заминувањето на работничката класа во рајот имало две фази:
Првата ја одбележува социјалистичкиот период во кој под поимот работничка класа се мисли на средниот слој, стремејќи се кон општествената благосостојба позната од капиталистичкиот свет.
Поимот работничка класа во социјалистичка Југославија бил резултат на идејата дека различните општествени нееднаквости се дел од прашањето на класите, кое ќе се разреши со укинување на имотната нееднаквост.
Југословенскиот социјалистички модел во економски поглед беше хибрид на планската и пазарната економија, со капиталистичката идеја за општествена благосостојба и комунистичка изведба на социјални права.
Потрошувачката култура на социјализмот, класното прашање го решава со воспоставување на среден слој, како доказ за сопствениот општествен успех, а поимот работништво само пригодно се користеше, во идеолошките манифести на владејачката номенклатура.
Вториот фаза од заминувањето на работничката класа во рајот е капиталистичката транзиција по 1990 година, која како што велат ја уништува хрватската индустрија повеќе од војната, и потполно го брише работничко-правното наследство на социјализмот.
Во првите десет години од транзицијата стапката на невработеност расте од 8 проценти на речиси 20 проценти, односно на 30%, ако се земат предвид оние кои не примаа плата. Во исто време, бројот на работници кои беа членови на синдикатот падна од 90 на 50 проценти, додека членството на големите синдикати се преполови.
Во првите десет години од транзицијата средната класа е прогласена за најголем губитник, иако мнозинството од 280.000 невработени и 15.000 вработени кои работат а не примаат плата, припаѓа на слојот на нискоквалификувани и средноквалификувани работници, што значи дека тие се работничка класа.
Транзицијата комплетно го испразни значењето на работничката класа и го протера од општествена свест. Затоа расправата за капиталистичка реставрација на постсоцијалистичкиот период го занемарува прашањето на класните однос и станува исклучува оплакување по исчезнувањето на средната класа и нејзиниот висок животен стандард.