Балкан

Усаид + Сорос = Албанија

Откако се закани со тужба против Стејт департментот, американска организација која се бави со транспарентност и отчетност на трошењето државни пари, ги доби документите за тоа каде отишле 9 милиони долари од даночните обврзници на САД.

Како беше крадена Грција

Во исто време додека во Брисел добиваше признание од Европската организација за ретки болести, Новартис, една од најголемите светски фармацевтски компании, на другата страна од континентот го собра вниманието благодарејќи на длабоките врски што успева да ги создаде со грчката политичка елита, посебно со таа што моментално не е на власт.

Објавени писмата што генерал Праљак ги напишал пред самоубиството

Деновиве хашкиот трибунал ги објави резултатите на истрагата за тоа како хрватскиот генерал Праљак воопшто стигнал до отровот со кој што се самоуби и како успеал да го прошверцува во судница. Одговорот е: за органите на Обединетите Нации е невозможно да откријат како човек сместен во нивен затвор успеа да дојде до отров, и како истиот тој човек успеа да го прошверцува отровот за да се самоубие сред нивна судница. Во меѓувреме Дневник.хр ги добива двете писма кои генералот ги напишал на два дена пред самоубиството.

Треба ли на Бугарија да и се дозволи да се приклучи на еврото?

Бугарија како најсиромашна држава во ЕУ (барем до 2025) со БДП кој речиси е половина од просекот на Унијата, е решена до средината на годинава да поднесе официјално барање за влез во Европскиот механизам за девизен курс, првиот чекор до целосно членство во еврото. На потег е Европа.

Бугарот што го искина Спотифај

Автор на плеј-листи на Спотифај наплати околу 1 милион долари од музичкиот сервис, за луѓе што преслушувале песни од неговите плејлисти. Авторот е Бугарин и веројатно тој е единствен човек меѓу тие што слушале музика.

Нацистичкиот „марш на Софија“ и нормализација на десничарските теории на заговор

15-та година по ред бугарските нацисти викендов организираа марш низ улиците на Софија. Како и секоја година кон средината на февруари во парадата со бакљи им се приклучија и колегите од многу други европски држави здружени во заедничка (а понекогаш и конкурентна) омраза.

Чие броење е правилно, на полицијата или на организаторот?

Ако прашуваш едни вчера во Атина 140.000 луѓе на плоштадот Синтагма не се замараа со проблемот со името, ако прашуваш други бројката е некаде меѓу 1 и 1,5 милион луѓе.

„Битката на Неретва“ словенечки филм?

Словенија испрати барање до Србија да и бидат вратени 313 уметнички дела, историски предмети и документи кои се наоѓаат во српските музеи, службени резиденции и државни установи. Критериум за составување на списокот е авторот на делото да е Словенец или Словенија да учествува во неговото создавање. Доволно опсежен критериум да ја опфаќа и Битката на Неретва.

Ципрас се израдува на „историскиот чекор“ на Грција

Колку е таа Грција назад со материјалот, да се чуди човек. Јужните комшии за првпат после еден век ја ограничиле моќта на шеријатскиот закон, па во иднина, на своите граѓани од муслиманска вероисповед, ќе им дозволуваат да се разведуваат и пред нормален суд, а не да мораат да одат кај муфтијата.

Предраг Луциќ се одјави

По долга и тешка болест почина Предраг Луциќ. Блиските и пријателите знаат дека таа болест беше и предолга и претешка. Го читавме со децении и го познававме со години. Сето тоа сега ни е прекратко. Предраг беше преголем и предобар човек. Една памет како Луна парк, едно срце како светилник. Нека му плови душата по мирни мориња.

За празниците Хрватите потрошиле над 1,8 милијарди евра

40% од Хрватите за поклон под елка ставиле играчки, на второ место била козметика, а топ 3-те теми за подароци што доминирале во земјата завршуваат со чевли и облека.

Грчките анархисти се посебен вид на човечки ѓубриња

За да покажат колку е штетно да се купува храна од познати глобални и национални брендови припадници на грчка анархистичка група почнаа во храната по супермаркети да вшприцуваат солна киселина.

Најнасилното ривалство во фудбалот, Гробари и Делии

Вајс открија дека Гробари и Делии не се сакаат меѓу себе (до економијата било) и во таа чест одат до Белград да снимаат што се случува за време на „Вечно дерби“.

Јадран го возвраќа ударот

Кој не го памети Јадранот од летните месеци како син, убав и величествен... Бескрајно синило и чисти плажи. Но, доаѓа време кога морето го враќа она што им го должи на на луѓето.

Грчката држава повторно стана успешна, само што нејзините граѓани осиромашија

33% проценти посиромашни отколку на почетокот на мандатот на Сириза, грчките граѓани почнаа да слушаат гласови од ЕУ како како нивната земја повторно станала успешна држава. Но, благодарејќи на Ципрас, Грците веројатно ќе бидат многу поскептични кон следниот политичар кој ќе им ветува правичност.

Кривични пријави за ширење паника околу вакцините

Во Србија постои граѓанско здружение на лекари и родители кое се вика „Граѓани против шарлатанството“ и чиј правен тим почнал да поднесува кривични пријави против оние кои во јавноста шират дезинформации и паника околу вакцините. Прва обвинета е една докторка а на ред е и Јелена Карлеуша и слични „авторитети“.

Логистичкиот кошмар за судењето на Агрокор

Трговскиот суд во Загреб во скоро време треба да ја објави листата на сите што имаат побарувања од Агрокор. За сега се проценува дека треба да повика околу 15.000 доверители, и некаде да ги смести.

Среќна нова 2020-та и честит Шенген 2.0

Новата Шенген виза за државите од Западен Балкан ЕУ ја нарекува „одобрение“ и ќе се добива за 72 часа, освен ако те одбијат па во тој случај ќе мора да тргнеш по старите стапки на собирање документи.

Колку еврото ќе ја поскапи Хрватска

Изминаа 4 години откако Хрватите влегоа во ЕУ и почнуваат сериозно да дебатираат дали е вистински момент да започне и влезот и во евро-зоната. Прифаќањето на еврото во просек не би требало да ги чини многу, но знаете како е со оние што јадат месо и оние што јадат зелка: во просек сите се на сарма.

Црногорско министерство за здравство и 9GAG

Како што уште од времето знаеме дека секоја болница која држи до себе треба да биде накитена со постери со едукативни медицински совети, така и Домот на здравје во Подгорица меѓу другото има постер со над 20 илустрации за грижа за бебиња. Злонамерници ќе забележат дека постерот изгледа како да е од 9GAG, ама тоа не значи дека е погрешен.

Француски "ворк енд травел" сред хрватски лозја

Во време кога хрватските лозари не можат низ цела Далмација, Херцеговина или Босна да најдат кој да им работи на лозјето (а младите дремат на интернет барајќи поевтини тури за одмор), двајца Французи ја искористуваат дупката во системот за да истераат неколкунеделен гратис одмор.

Еден ден по катастрофалните поплави во и околу Задар

Ноќеска во Задар 70 пожарникарски и воени екипи работат на испумпување на водата од повеќе комерцијални и станбени објекти по поплавите предизвикани од дождови какви што во регионот не се паметат од 1986.

ИНА испрати колона цистерни за јахтата на Абрамович

Дубровник е една од редовните точки на застанување на Еклипс, втората по големина јахта во светот. Овој пат "пит-стопот" беше и со полнење гориво.