Балкан

Бугарија изумира (а и нам нешто не ни е арно)

Репортажа на новинарка на Би Би Си од Бугарија, земјата која најбрзо го губи своето население во светот. Можела и кај нас да дојде и исто ќе видела. Само што тешко некоја валидна бројка да можела да извади од државата која 15 години нема ни попис направено.

Да си знаете, Србија казнува за просечна брзина

Во Србија почнале да казнуваат мерејќи ја средната брзина со која возите на автопат, А тоа го прават споредувајќи го времето меѓу две изминати патарини. Србинот го решава тоа соодветно менталитетот: брзај, брзај, застани во кафана.

Солун, градот кој се бори со своите потиснати сеќавања

Текстов се однесува на Евреите од Солун, кои на почетокот на 20-от век беа една од доминанатните заедници во градот. За неколку дена 50.000 Евреи биваат депортирани и убиени во наци логорите. Оние малкумина кои имаат среќа да се вратат, наидуваат на град кој е глув за она што им се случило. И така со децении. Ситуацијата сака да ја смени градоначалникот со потекло од Крушево.

Бугарски врв на православие

На стотина километри од Софија на планината Рила се наоѓа највисокиот врв на Балканот и највисоката точка меѓу Алпите и Кавказот, врвот Мусала со своите 2925 метри надморска височина. Бугарите се горди на врвот, ама не сите се горди на името.

Словенечко-хрватска битка за името

Словенија ќе ја тужи Европската Унија затоа што ѝ дозволила на Хрватска да продава вино под име кое тие го имаат заштитено.  Има само еден теран и тој е словенечки, ќе крикнаат оние кои ни го украдоа ајварот.

Летен камп за млади: Голи Оток

Еден од најозлогласените затвори во Европа по Втората светска војна, во кој буквално коските ги оставаат неброени противници и неистомисленици на тогашните југословенски власти, партија и идеологија, стана туристички камп за млади.

Запознајте ја бугарската Шипка

Група граѓани и по некоја граѓанка решаваат да го земат законот во свои раце и лично да го спроведат. Па маскирани и вооружени ловат блискоисточни мигранти по планините во граничниот појас. Ова се случува во Бугарија, членка на ЕУ.

Екстра вирџин млеко

Од Хрватска доаѓа една земјоделска бајка во која сточарите не само што успеваат да најдат купувач за својот производ, туку прават и пари од него, што е голема разлика од пред некоја година кога биле банкрот. Што најмногу се сменило во ова време - фатиле сами да продаваат тоа што сами произведуваат, плус малку технологија.

Кинези добиваат златни визи од Грција

За да ја поправат крвната слика на својата економија, Грците посегнаа по мерка пробана и во други земји - златна виза за оние кои ќе инвестираат или ќе купат недвижнини. И, ете ти ги Кинезите.

Западот испорачува шкарт храна на истокот од Европа

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, ги обвини западните членки на ЕУ дека во Источна Европа намерно испорачуваат храна со понизок квалитет.

Кој е романскиот милионер уапсен во Србија?

Вечерта меѓу 13 и 14 април во Белград е уапсен 38-годишниот Себастијан Гица, романски милионер проценет на над 100 милиони евра, кој почнува да работи со информатика уште во првите години по падот на Чаушеску (да, многу млад) и тоа за сериозни клиенти како армија, полиција, разузнавање и слично.

Зошто југословенските тајни служби најмногу убиваа новинари?

Убиството на Славко Ќурувија е само едно во низата зад кои стои силата што ја разведруваше и наоблачуваше политичката сцена во Србија, од времето на комунизмот па наваму, Државната безбедност, пишува Вељко Миладиновиќ.

Словенците и мртви се пред нас

Гробиштата Побрежје датираат од 1879, и со својата богата 130-годишна историја се дел од историското и архитектонско наследство на Марибор. Но, ништо не е впишано во камен, па ни изгледот на гробиштата.

Мнозинството го доби она што го бараше

Oваа есен ќе се навршат триесет години од Осмата седница на ЦК на Сојузот на комунистите на Србија, која претставуваше конечно разделување помеѓу Слободан Милошевиќ и Иван Стамболиќ. Набрзо ќе се навршат и 27 години од изборите на кои победи ХДЗ на Туѓман. Вака или така, три децении. Премногу и за историјата, а камоли за еден човечки живот.

Животот пишува Тарантино

Синопсис: поранешна порно, па риалити ѕвезда, сега „старлета“ оди во Сараево да го промовира својот нов спот и песна. Додека седи на кафе 9 пати е пукано кон неа.

Во Бугарија на бугарски, и само на бугарски

Бугарската Централна изборна комисија нареди отстранување на предизборниот клип на ДОСТ (партија на Турците во Бугарија), по основа дека видеото, кое инаку е на бугарски јазик, имало титл на турски јазик.

Србија има трет пат, за мерак

Кандидатот на СПН, Љубиша Бели Прелетачевиќ, за само 3 часа откако почна да собира потписи за кандидатура за претседател на Србија, успеа да наниже поддршка од вкупно 46.000 граѓани. Како тоа кои се СПН? Сарму Пробо Ниси. Сериозно.

Бугарски радио парадокси

Заврши неколку месечниот спор поради кој Бугарите не можеа да слушаат современа и модерна музика на своето национално радио. Сега можат, но, во меѓувреме се навлекоа на народно.

Јога на работ од провалијата

Не сме беспомошни и кога се чини дека сме. И има народ на кој му дошло до култура и поезија, и кога се мисли дека веќе го нема, порачува Матија Беќковиќ во разговорот за Блиц, откако на претставниците на манастирот Милентија им предаде прилог за негова обнова.

Медиумска милитаризација на Балканот

Србија и Хрватска тргнаа во набавка на ново оружје и размислуваат околу повторно воведување на воениот рок, додека Косово се погласно бара сопствена армија. На вака зовриената ситуација посебен "Балкан 1991" шмек и даваат медиумите.

Бившиот српски министер кој стана бездомник

Некогашен министер за образование во српската влада и универзитетски професор деновиве бил најден премрзнат на клупа во парк. Приказната е тажна а богами и поучна, само што секогаш постои можност некој да извлече поинаква поука. Па да почне да краде уште повеќе за да се обезбеди на време. Едит: Оваа приказна на српски Курир, други српски сајтови (Блиц, Информер) ја прогласија за тотална измислица. Бетер се од нашиве.

Скоро па задолжителна казна за корупција?

Романија, регионалниот златен стандард за прогон на поранешни функционери и премиери за корупција, од пред речиси 20 дена има нова влада, предводена од истата партија како и премиерот што пред некоја година кој стана пример за тоа дека и претседателите на Влада можат да одговараат пред суд.

Тито ги издигна Хрватска и Словенија на сметка на Србија?

Омиленото балканско хоби - претурање по историјата, само што доби интервентна доза стероиди во форма на 12 милиони страници документи на ЦИА од кои е тргната ознаката државна тајна, а таму: Тито, СФРЈ, Србија, Хрватска, Словенија.