Првите резултати, броено по фискални сметки, покажуваат дека празничната потрошувачка во Хрватска изнесува 13,5 милијарди куни (1,81 милијарди евра).
Најголем дел од испитаниците, 39%, на новогодишен подарок трошеле меѓу 100 и 500 куни (14 до 70 евра), на второ место, 31%, се луѓето што подарувале во рамки меѓу 500 и 1000 куни (70 до 140 евра). Границата од 1.000 куни ја надминуваат само 9% од испитаниците, а помалку од 100 куни или ништо не потрошиле околу 21%.
Подароците во 86% од случаите биле наменети за член на семејството или саканата личност.
На листата подароци, освен доминантните три теми, на четврто место се украсните предмети, а зад нив е електроника или уреди (од кои 40% биле смартфони).