Во сезона на берба на Дингач (лозарскиот регион на полуостровот Пељешац) дневницата за работниците на лозјата може да достигне и до 50 евра, плус храна, а дел од лозарите нудат и сместување.
И покрај вака добрата дневница, услови околу неа и фактот дека Хрватска има околу 200.000 невработени, лозарите од регионот најчесто имаат проблем да најдат сезонски работници, па решението најчесто се сведува да си помагаат едни на други.
Лозарите пробуваат да го решат проблемот со пуштање на оглас за работа во земјите на ЕУ. И некако ова им успева (малку од малку).
На огласот се пријавуваат двајца Французи од Марсеј, кои повеќе од десет дена собираат грозје на Дингач за плата од 40 евра на ден, сместување и храна. И покрај тоа што се од Франција, двајцата немаат никакво искуство во берење грозје, ама според хрватските лозари многу добро се снаоѓаат.
Французите се задоволни што освен работа имаат можност и да дремат на локалните плажи во слободно време, хрватските лозари се задоволни што дојденците не се кенкави како локалните сезонски работници. Плус, заради членството во ЕУ за Французите нема потреба од никаква дополнителна документација за престој до 3 месеци, што нивниот ангажман го олеснува на ниво на локални работници.