Таг: французи

Дали е навредливо Французите да се нарекуваат...Французите?

Текстот најпрвин малку нè збуни, затоа што на англиски the French ни звучи потполно исто како и било кое друго членувано име на народ (Французите, Британците, Американците). После сфативме дека не било до нас, туку до тоа дека политиките на „безопасниот јазик“ стануваат сè поапсурдни. Плус дека македонскиот има многу поголем потенцијал за „дехуманизирање“ од англискиот. 

За пофранцуска 2022

Јануари заврши три месеци откако почна, ама Френчли има нови идеи за 2022 и тоа како да ја живеевме пофилмски.

Je suis туристи

Француско семејство на тура низ сафари парк, а притоа наштелувани како да се во Дизниленд. Од муабетот во клипот разбравме само „Oh my god,“ „What the fuck,“ и „Jesus“, и ние отприлика сме на ист памет. П.С. тие што ќе ги видите се оригинал гепарди, ниту дресирани, ниту на апчиња за смирување.

Француски "ворк енд травел" сред хрватски лозја

Во време кога хрватските лозари не можат низ цела Далмација, Херцеговина или Босна да најдат кој да им работи на лозјето (а младите дремат на интернет барајќи поевтини тури за одмор), двајца Французи ја искористуваат дупката во системот за да истераат неколкунеделен гратис одмор.

Франција надвор од дома

Шестиот по големина француски град на светот почнува на "Л" завршува на "н" а помеѓу е "ондо." И воопшто не се наоѓа во Франција.