Не се ова вообичаените „оди во теретана“ и „не јади благо“, овие се од оние што ќе ви се прават долго време откако ќе ги навикнете.
1. Читајте повеќе
Кога ќе изброиш колку книжарници има во Франција, станува очигледно дека се работи за нација што многу чита (во просек, 20 книги годишно). Во метро, почесто се гледа патник што чита, отколку патник што слуша музика. Читајте повеќе: списанија, весници, книги (барем 10 годишно). Одма е поубаво.
2. Испијте кафе сами во кафич еднаш неделно
Кафе и сам/а со мислите им е заштитен знак на Французите. Седнете, нарачајте кафе и размислувајте. Пробајте да не читате и да не гледате во телефон - едноставно, поминете еден час сами со себе. Ако не можете час, почнете со 15 минути и зголемувајте постепено. Дури и кога е ладно, кафе надвор (особено сега во пандемија) може да направи чуда за избистрување на умот.
3. Одете во кино барем еднаш месечно
Киното е религија во Франција, и тоа религија што сите треба да ја следиме. Дури и да не ви се гледаат блокбастери, копајте по интернет, да не начекате некоја мала проекција во некомерцијален простор. Ако нема, видете и од големите филмови во вообичаените кина што би можело да ви одговара.
4. Грижете се за кожата
Кожата е еден од најчувствителните органи и никогаш не е рано за анти-ејџ третмани или маски за хидратација - на Французите ова им е совршено јасно. Видете ги најдобрите француски хакови за нега, разлика меѓу француска и американска шминка, и како им успева на парижанките.
5. Спортувајте
Французите не вежбаат, „прават спорт“ (буквален превод). Значи не им се оди во теретана и не одат на часови и сесии вежбање, туку бараат алтернативи - многу пешачат, трчаат по вино пред да им затвори продавницата, и се возат со велосипеди и тротинети за чист воздух. Вака поедноставно звучи, нели?
6. Слушајте жива музика
Џез-пештерите во Париз се национално богатство и живата музика често се цени повеќе од клубови и барови. Кога последен пат сте биле на свирка?
7. Гответе свежа храна
Французите не ги интересира додаден шеќер. Сами цедете си сокови, сами правете си јогурт, купувајте овошје од пазар. Може свежата храна не е вкусна како француската, ама сигурно е подобра од преработена.
8. Организирајте вечери еднаш месечно
Не мора да си којзнае каков готвач - и на пијачки со мезе може. „Гости“ е уште еден од заштитните знаци на францускиот начин на живот и време е да го проширите социјалниот живот на повеќе од само афтерворк.
9. Посетувајте го семејството почесто
Неделниот ручек со семејството е честа работа во Франција, но и да не живеете блиску, можете секако да одлучите почесто да се гледате во 2022. Ако не, не ја потценувајте моќта на еден пријатен телефонски разговор.