Прво, како вовед, на Јутјуб има еден феноменален канал, полн финти и совети за разубавување од нула. Се вика Гламрс, и конкретно овде навлегува во неколку лекции за пристапот на Французинките кон убавината. Се зборува за мицеларната вода, дизајнирана да биде сенаменски чистач и отстранувач на шминка, затоа што водата од чешма во Франција е непријатна за кожата. Има и домашен рецепт за отстранување на дамки од лак за нокти, маска за коса со рум и маска за лице со - зелка.
Со оглед на тоа како се опседна светот со рутини за нега на кожа, плус со оглед на самата идеја дека Французинките се секогаш беспрекорни, ред е да се види: