Како им успева на Французинките?

Да, има цела индустрија од нивниот имиџ. Ама има и причина зошто е тоа така.

Митот за „типична Французинка” вреди милијарди долари и толку е втемелен во секојдневието врзано со мода и убавина, што има и сопствена историја. Сепак, толку многу е распространето тоа, што и на консументите на ваквите трендови им доаѓаат преку глава, на Французинките им доаѓа преку глава - а и самиот феномен не може така лесно да се изимитира.

Причината е што, не е до тоа како ќе се нашминкаш, или што ќе облечеш. Шармот лежи во начинот на живот, во навиките и во производите што ги купуваме, и треба долго и темелно превоспитување.

Реално, не ни мора баш да се лови нивната ненапорна разлетаност на сите страни. Сакате контурирање, тешки шминки, розеви канџи и фенирани коси? Слободно. Скроз е тоа океј. Но, ако сте на граница, а нешто не ви штима, тогаш не е лошо да се ѕирне во нивниот распоред. Некој седнал, склопил 15 карактеристики што важат буквално за секој аспект од животот, не само „ако сакаш да тоа-и-тоа како Французинка”, и некако, ни се чини дека таквиот живот е многу поедноставен и попријатен за живеење.

Замислете ни косата, ни ноктите не мора да се беспрекорни.

Препорака да се спие на перница со свилена навлака.

Совршенството е до-сад-но.

Не мора да се облекуваме како што се очекува.

Од потешките: да прифатиме недостатоци.

Да престанеме да јадеме кога ќе се почувствуваме сити.

Од јаките - црвениот кармин. Овде упатство како да избереш совршен црвен кармин, овде ода на црвениот кармин инспирирана од - Урсула од „Малата сирена”.

Оној момент кога ќе ни текне дека не е мода бркањето на францускиот животен стил, туку е едноставно - корисно, веројатно ќе живееме пораат:

19 јули 2019 - 02:24