И, зошто е оваа статија поинаква и зошто го содржи зборот „стварно“?
Затоа што, не се саде клонови на Џејн Биркин во Париз и не се само точаци со девојки во лелеави фустанчиња покрај Сена.
Затоа што Парижанките знаат како, и тоа не она слепо знаење и следење на стереотипите по секоја цена, туку истражување на себе, на модната сцена и на начините на кои тие две работи можат да одат заедно.
Затоа, на пример, ако не ви се смачи Левис маичката, можете вака:
А ако баш сме закачени за Џејн Биркин како да е една (добро, една е), тогаш можеме вака:
Извини, што цветно фустанче и цвеќенца во корпа на точак?
До гранапче во свилена спавача и маица со кратки ракави, because it works.
Проблем ли е што панталоните личат на летен јорган? Пошо, лето е.
им
Да им се даде шанса на шешири (и притоа да се внимава да не се глупи):
Уште еднаш, што тоа лелеаво, Amelie фустанче за на плажа?
А, кога не е шешир...
Овде може навлегуваме во клише територија, ама па мора да се има добро сако:
И ова визуелнава лекција од неколку секунди на Шанел (чисто ради чизмите, не за друго):
Со тие чизми, па и да им прости човек што нè мафтаат со „Французинка ова“, „Парижанка она“.