
Просторот му го дава Холивуд Репортер, чиј новинар патува до затворот Рајкерс, на негодување на многумина што сметаат дека откако толку време неговите жртви немале глас, нема што Вајнстин да добива прилика да објаснува.
Вајнстин пак, инсистира дека е невин и ветува дека ќе го докаже тоа.
„Дали на некои од жениве им се пуштав неуспешно? Дали се преценив? Да. Дали бев упорен, или претерано насочен на заведување? Да на сè тоа. Види, не требаше да се дружам со луѓето со кои што се дружев. Бев женет за фантастична жена што немаше поим што правев. Лажев цело време. Неумесно ги користев вработените за да ги сокријам овие работи. Ама дали некогаш сексуално нападнав жена? Не. Тоа никогаш.“
За некои од големите ѕвезди што јавно го нападнаа:
„Може сум тежок, ама не сум пореметен. Само заканата ‚Харви‘ беше доволна. Ама не одев до блокирање нечија кариера. Росана Аркет, Гвинет Палтроу, Анџелина Џоли - претеруваа. Сакаа да бидат дел од клубот. И ме уништија.“
Росана Аркет деновиве го нападна и Тарантино, во чиј што филм (Pulp Fiction) играше, бунејќи се за „зборот на Н“.
Вајнстин имал време да размислува:
„Да, имаше нееднаквост во моќ. Знам дека знам да бидам страшен и тежок. Но, тоа сепак е далеку од сексуален напад. Претерано флертување, смешни ситуации. Лошо и глупаво однесување. Да. Но, не сум терал никого. Не сум поместил никого физички. Не сум го правел тоа, Маер. И сум бил на детектори за лаги за да докажам.“
Целото интервју е тука.