Можно е да му дадовме премногу внимание на Тимоте Шаламе

Да не беше славен, ќе беше претенциозниот дечко на другарка ти што се молиш да не го донесе на кафе.

Има нешто длабоко и особено иритантно кај човек (особено маж) што мисли дека е културно повоздигнат отколку што реално е.

Особено кога името му е тесно врзано со кланот Кардашијан-Џенер.

Оваа филозофска верзија на Тими што излезе за време на прес-циклусот е и поинаква од кревкиот, инди-принц што колективно го посвоивме за време на опсесијата со Call Me By Your Name.

Жал ми е што морам да кажам, ама мислам дека ми фали оној Тими што носеше светкави каиши на Златните глобуси и изгледаше пресреќен што присуствува.

Ако сме искрени со себе, бесната реакција не е толку за глобалната одбрана на операта, колку што е за колективниот порив малку да се стави Тимоте Шаламе на место.

Да се разбереме. Тимоте е одличен актер, а „Марти Суприм“ е преубав филм. Тоа не се дебатира. Ама персоната што ја глуми во јавност е обременета со улогата во филмот, каде што игра своеглав и брилијантен его-манијак што брка величини.

Ако сака да биде величина, тогаш тоа што луѓето толку многу се секираат што има да каже, како да има моќ да сруши вековни форми на уметност, значи дека е на добар пат. Сепак, сето ова налага дека бркајќи го Оскарот, луѓето што му ја менаџираат кампањата претерале со експонирање. Сезоната на Оскарите трае милион години, па на луѓето малку им се смачува. Затоа се и спремни да глумат посветени фанови на опера, за да го потсетат тимот на Шаламе дека фановите се тие што одлучуваат кој и дали некој ќе стане Најголем на сите времиња.

-Бечес Медиа

13 март 2026 - 09:23