Пастирот што стигна до финале

Пред 28 години во Хрватска на Велебит се снима документарец за волци, а на кратко дел од приказната е и еден 5-годишен пастир кој го собира своето стадо и го носи дома. Детево, речиси 3 децении подоцна ќе игра за Хрватска во финалето на Светското првенство во фудбал.

Иако постара снимка и со таков квалитет, во дел кој трае неполна минута, 5-годишниот Лука Модриќ облечен во неколку броеви поголема винтјага со стап ги собира козите во штала, додека од далечина го премеруваат волци. Татко му Стипо ја отвора вратата на шталата и козите една по една влегуваат внатре.

Автор е на документарецот е Павле Баленовиќ, некогашен член на „Плава трава заборава“, кој некое време откако купува волк сфаќа дека животното нема да преживее во Загреб и го ослободува на Велебит.

На страна музика, Баленовиќ животот го посветува на истражување на Велебит и волците кои ја населуваат планината. Талкајќи по планината Баленовиќ се спријателува со Стипо Модриќ, па така и Лука завршува во документарецот.

„Човек-волк, дневникот на Павле Баленовиќ“ стига до хрватската јавност преку Би-би-си, откако ХРТ своевремено одбива да го откупи. Снимката со Лука деновиве Баленовиќ повторно ја сподели на на социјалните мрежи.

14 јули 2018 - 15:49