Иако звучи како исклучително добра првоаприлска кампања, од Мегатренд отрезнувачки порачуваат дека за ни една насока немале имале толкава навала како за оваа.
Рекламите за новиот смер се објавени пред само неколку денови, а според ректорот на Универзитетот, „има толку многу интерес што мораше да додадеме уште две колешки во инфо службата за да се јавуваат на телефон и даваат информации.“
Освен локални диџеи, како предавачи на новите генерации диџеи од факултетот најавуваат дека се работи на обезбедување присуство на имиња како Боб Синклер и Дејвид Гета.
„Точно е дека отворивме нова насока во рамките на нашиот Факултет за култура и медиуми, каде ќе држиме 4-годишни студии за диџеи. Првите две години се општи, а трета и четврта година се специјалистички и тогаш предавањата ќе ги држат најеминентни експерти во полето на култура, музика, сценски настап, музичка продукција, сценографија, техника и технологија,“ изјавил ректорот на Универзитетот, Миќа Јовановиќ.