ММФ, кој заедно со Европската комисија и Европската централна банка е дел од „Тројката“ што ги мониторира реформите во земјата, најверојатно ќе се повлече од договорот за позајмување пари на Грција, доколку Брисел не се согласи да го намали долгот на најголемиот должник во ЕУ.
Доколку се повлече ММФ работите се комплицираат за Грција затоа што членки на ЕУ како Германија, Финска и Австрија би можеле да побараат на земјата да и се наметнат построги клаузули за добивање на помошта потребна за исплаќање на остатокот од долгот. Ова построги речиси секогаш значи повеќе штедење.
Во четврток министрите за финансии за 19-те земји членки на еврозоната треба да се согласат за пакетот мерки кој ќе вклучува исплата на последната рата од помошта за Грција од меѓу 10 и 12 милијарди евра. Со договорот од 2015, Грција доби помош за спас од банкрот во износ од 86 милијарди долари.
Грција ќе биде и под засилен надзор од ЕУ, која ќе ја проверува Атина секој квартал наместо во вообичаените 6 месеци. Овие проверки ќе траат се додека Грција не врати 75% од 230-те милијарди евра кои ги должи на кредиторите од еврозоната.