Двајцата работници загинале паѓајќи од 22 спрат на објект од проектот „Белград на вода“, најверојатно зашто попуштила талпата на која стоеле и работеле на височина од 65 метри. Од почетокот на оваа година, во Србија на своето работно место загинале 29 работници, од кои една третина на градилишта. Инспекцијата утврдила дека половина од нив работеле на црно. За споредба, Велика Британија која е една од водечките земји во областа на градежништвото, во 2017 и 2018 загинале вкупно 38 градежни работници.
„Знаете ли дека во Америка на секои 10 секунди гине по еден перач на прозорци. На секои 10 секунди!“, изјави српскиот претседател.
Брзо мораше да се поправи и да се извини.
„Пред 2001 година кога воспоставивме стандарди, годишно гинеа меѓу 12 и 18 работници. Две години подоцна, просечната смртност веќе падна под 4, а во последните четири години е под 3 работници на годишно ниво. Тоа е мнoгу помалку од она во што верува вашиот претседател,“ изјави Стефан Брајт од светската асоцијација на перачи на прозорци.
Во Македонија, во 2017 година се случиле 158 несреќи при работа. Од нив 24 биле фатални. Така, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 3,22 односно на секои 100.000 вработени, загинуваат 3 до 4 вработени. Стапката на смртни случаи при работа е зголемена во споредба со 2016 година, кога изнесувала 2.62. Доколку се земе за споредба Велика Британија каде стапката изнесува само 0,5, Македонија има прилично висока стапка на фатални несреќи при работа.
На тема несреќи на работа и нивни епилози, одлична емисија и студиски епилог имаше Лупевска. Како што тогаш пишавме:
Ако сакате да сте писмен и општествено корисен конзумент на медиуми, сфатете дека овие приказни СЕ Македонија. Јебале вас партии. Имаме еден ужасен систем - уздуж и попреку - кој се прекршува на безброј конкретни човечки судбини. Не се Македонија оние приказни како генерал Стојанче сакал да ја реформира МТВ. (по ново дека одел во теретана за да може да ја брани Македонија).