Бугарија е куса за илјадници наставници

Влегувањето во НАТО и ЕУ ќе значи создавање услови младите и образувани луѓе да останат во земјава, гласи една од мантрите на актуелната политичката религија која од нас бара курбан да го приложиме името и најбазичното достоинство а потоа птиците ќе пеат повесело а тревата ќе биде позелена. Ај важи.  

Новата учебна година Бугарија ја дочекува со страшен дефицит од дури 4.000 учители, наставници и педагози. Од тоа, 650 недостасуваат во Софија каде особено тешко се наоѓаат кадри за пополнување на испразнетите места. 

Заради оваа сериозна кадровска осакатеност, тамошното министерство за образование најави дека подготвува нова програма за работа за која засега деталите не се знаат (некои деца ќе бидат самоуки?). Надлежните велат дека во Софија и помалите градови најголем проблем е што на конкурсите за наставнички кадар масовно се јавуваат лица со сериозни пропусти во сопствената писменост и образование.

Најголем недостаток на наставници има кај природните науки, информатиката и странските јазици.

Ајде деца, да ја повториме лекцијата.

 

 

 

 

21 август 2018 - 15:26