И да и не. Лошото е во тоа што вреди само ако доаѓа од истата страна, што е ретко. Ако дојде од противникот, реакцијата е "Пак лажат", без разлика колку и да се очигледни фактите.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Марко Ван Бастен, од неодамна стана шеф за технички развој на ФИФА, што во разбирливи термини значи - да менува се што не му се допаѓа околу фудбалот. Кој да знае дека на Ван Бастен толку работи не му се допаѓале.
Визионерот со многу пари го обелодени својот план за префрлување луѓе на планетата која има најмногу услови за започнување нов живот. Марс е можен, порача Маск.
Главен судија, порота, водител, контролор и модератор на понеделничката дебата, беше водителот на вечерните вести на Енбиси, Лестер Холт. За разлика од претходните избори, годинава немаше некоја погласна забелешка за тоа како тој си заврши работата.
Иако јавно се згрозени од секој потег на Трамп и од помислата тој да стане претседател на САД, добар дел од актуелните европски политичари веруваат дека на крај може ќе има и некаков ќар од неговиот претседателски мандат.
Анкетна грешка е терминот кој во основа означува дека ако различни луѓе ја прават анализата на собраните бројки би можеле да добијат различни резултати, меѓутоа во рамки на наведената маргина од најчесто дел од процент. Њујорк тајмс прави анкета и бројките ги дава на четири различни анкетари. Резултатот е дека грешката не е ни приближно маргинална.
Процедурата за рециклирање електронски отпад е: го даваш на некој што откупува такви работи (или го праќаш по пошта во поразвиени држави), таму го расклопуваат на делови, секој материјал посебно се обработува, тоа што може да се користи се чува, другото се фрла на начин кој не и штети на околината. Праксата е: сè завршува како куп на депонија во Кина или Африка.
Во близина на границата со САД, мексиканската полиција пронашла триметарски топ и придружна галантерија, за испукување марихуана и други доходовни проектили на непријателска територија.
Затоа што веќе има голем број биографии и книги за Ангела Меркел, германскиот политички новинар Андреас Ринке се обидува да ја објасни германската канцеларка во форма на лексикон.
"Ќе ја купиме Бугарија, и онака половината од крајбрежјето веќе го купивме," е возвратната благодарност на идниот руски пратеник Петр Толстој на пораката од бугарските новинари да има "благонаклона политика кон Бугарија."
Во дебата која без проблем би победила на кое било првенство за криза на идентитетот, Кинезите моментално се расправаат дали нивната цивилизација всушност потекнува од Египет и е започната од бегалци од таа земја.
Долгогодишен библиотекар на Универзитетот од Њу Хемпшир, својот имот од 4 милиони долари му го остава во наследство на Универзитетот. Прва одлука на Универзитетот, 1 милион долари од овие пари да ги потроши на џиновски екран за фудбалскиот стадион, а 100.000 долари на библиотеката.
Американскиот бегалец веќе осум дена не излегува од луксузниот хотел Мира во Хонгконг, кога во соработка со новинарите на Гардијан почнува да ги објавува тајните документи украдени од американските тајни служби. Стравувајќи дека тој станува премногу лесна мета за да биде уапсен, адвокатите на Сноуден прават тој да исчезне на две недели (10 - 23 јуни) пред да се појави на летот на Аерофлот кон Москва.
Трговскиот синдикат на Велика Британија апелираше Тереза Меј да престане да носи високи штикли за да биде пример на другите жени дека не мора да им удоволуваат на очекувањата на мажите.
Флашираната вода има подеднаков смисол како и флаширан воздух, ама децении маркетинг и веќе инстинктивно се подаваш по пластично шише вода кога ти се пие вода.
Химлер најверојатно нема убиено ниту еден Евреин "со свои раце", па пак е еден од главните обвинети за Холокаустот, исто како и Ајхман кој е главниот организатор на масовните депортации на Евреите.
Синот на Пабло Ескобар прописно ги искуди Нетфликс дека го утнале фудбалскиот клуб што го поддржувал неговиот татко. „Ако успеале да го утнат клубот, како човек да им верува за другите работи во серијата?“ А добра е серијата, ама и прашањето е на место.
Словенечкиот филозоф е загрижен поради европскиот однос кон бегалците. Не од крајната ксенофобна десница која цути низ континентот туку од заблудите на либералите и онаа хуманитарност која се темели на тезата дека сите сме исти. "Не сме сите исти", порачува Жижек залагајќи се за солидарност на реалистични основи.
Зелената боја не мора да биде само боја на религија, сака да порача Мароко со планот да "екологизира" стотици џамии во земјата. МПЦ уште не е до таа лекција.
Пред некој ден Нетфликс ја пушти втората сезона на серијата Наркос, која, освен ако не доцните со Пики Блајндерс, немате алиби зошто не ја гледате. Постојат три верзии за убиството на Ескобар. Се разбира, во сите три учествува тој, ама во третата особено.
"Признајте, ќутенката ќе си го гласате Трамп?" Вака гласи насловното прашање на еден американски психолог која говори за скриениот адут на Доналд Трамп: армијата луѓе која иако јавно не го подржуваат, најверојатно ќе гласаат за него. Тоа се истите оние кои кај нас некогаш не го гледаа Вучиќ а денес не гледаат турски серии.
Во неделата во 7 и 30, шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, владетелот на Дубаи, се појави во владините канцеларии да види кој е дојден на работа. На сега веќе обострано разочарување, и негово и на вработените, никој не беше дојден. Недела е работен ден во Дубаи.
Доколку Шведска влезе во НАТО, Алијансата би можела направи тајна залиха на нуклеарно оружје на територијата на Шведска, а самите НАТО војници имуни на локалните закони би можеле да силуваат Швеѓанки без опасност од кривично гонење. Ова се дел од информациите кои неочекувано ја пресретнаа и преземаа дебатата околу шведското зачленување во НАТО.