Причината за губењето ентузијазам е што испитаниците биле се помалку задоволни од квалитетот на животот во нивните земји. Студијата открива дека само 15% од Русите сметаат дека денес подобро живеат. Во истата анкета во 2010 оваа бројка изнесуваше 30%. Дополнително, само 9% од испитаниците изјавиле дека денес финансиски се подобри отколку пред 4 години.
Нешто повеќе од 50% смета дека, во некои аспекти, би било добро да се врати и еден поавторитарен систем на владеење.
Глaвниот економски стратег на ЕБРД, Сергеј Гурјев, истакнува дека земјите можат да направат транзиција од управувана во слободна економија "само ако јавноста го перципира тој процес како поштен и дека го опфаќа мнозинството."
"Ако јавноста не гледа добробит во овие реформи тогаш реформите на крај нема да бидат успешни," објаснува Гурјев, според кого најголемиот фактор кој придонесува за пад на задоволството од квалитетот на животот е губењето на работното место.