220 владини војници биле пратени да ја разрешат ситуацијата во гратчето Тотолапан кое со години е под контрола на нарко картел воден од човек чиј прекар е Ел Текилеро.
Последниве недели нарко бандата киднапирала неколку луѓе за да изнуди рекет но како реакција на тоа, луѓето од градот се самоорганизирале и успеале да ја грабнат мајката на шефот. И сега очекуваат размена на заробеници.
Ел Текилеро во превод значи "оној кој пие текила" и човекот го заслужува ваквиот прекар бидејќи на единствената видео снимка која постои со него тој до бескрај пие текила со градоначалникот на Тотолапан.
Луѓево грабнале тие уште дузина луѓе од картелот но ги пуштиле како знак на добра воља задржувајќи ја само мајката на Текилеро.
Владините тимови ќе се обидат да ги ослободат заложниците од двете страни или пак да издејствуват некоја мирна разврска меѓу нарко картелот и самоорганизираните граѓани.