Во книгите на Ранд, од кои најпознати се Величествениот бунар и Рамнодушниот Атлас, едно од најголемите зла е федералната влада, која цело време се обидува да ги спречи трудољубивите луѓе да акумулираат богатство што таа верува дека тие го заслужуваат. Таа во исто време е и отворен атеист, што постојано се проткајува низ нејзиното пишување.
Нејзината идеологија е "објективизам" и по нејзино објаснување "човек постои за свое лично добро, и потрагата по лична среќа е неговата највисока морална цел, заради која тој не смее да се жртвува за другите, ниту да жртвува други за себе си."
Дел од сцените во книгите на Ранд се прилично непријатни од перспектива на денешната нетолерантност на сексуалните напади и патријархатот, на пример Рорк, ликот од Величествениот бунар со кој се идентификува Доналд Трамп, силува жена.
Како што пишува поранешниот автор на говорите на Буш, Мајкл Герсон, Ранд е авторка чии книги републиканските елити ги читаат за време на еден распуст во средно, и се превозбудени околу нејзината филозофија, ама веднаш ја забораваат кога ќе бидат изложени на пософистицирани интелектуални влијанија.
Идниот американски претседател Доналд Трамп пролетва изјави дека е фан на Ранд и дека се идентификува со Хауард Рорк главниот лик во Величествениот бунар. Во книгата Рорк е архитект кој со динамит демолира цел градежен комплекс што тој го дизајнирал затоа што градежниците не ги следеле прецизно неговите нацрт планови.
На Рекс Тилерсон, следниот американски Државен секретар, повеќе му се допаѓа Рамнодушниот Атлас, книга за човек кој тајно организира штрајк на креативната класа за забрзување на падот на бирократското општество. Тилерсон го има наведено делото како негова омилена книга.
Поеднаков фан на Русинката е и идниот Секретар за труд, кој е ЦЕО на компанија чиј сопственик е приватниот фонд Рорк капитал груп, именуван по Хауард Рорк. Тој минатиот месец објави дека ги поттикнал неговите шест деца да ги прочитаат прво Величествениот бунар, а потоа и Рамнодушниот Атлас.
Пофалби за Ранд доаѓаат и од идниот прв човек на ЦИА, Мајк Помпео, а во консултациите околу пополнување на својот Кабинет, Трамп има разговори со повеќе лица кои отворено ја имаат искажано својата восхит кон делата на Ранд.
Во 2014 кога никој не очекуваше дека Трамп ќе го исполни ветувањето дека ќе стане претседател, Џон Оливер имаше 4-минутен околу Ранд и луѓето што се привлечени од нејзе: