Ден Кахан заклучува дека колку повеќе користиме научно базирани позиции, толку е поверојатно да заземеме силни позиции што се синхронизирани со оние на нашата политичка група. И ова важи и за либерали и за конзервативци. Тој објаснува дека наместо да го користиме нашиот капацитет за стигање до вистината, најчесто бараме начин како да се согласуваме со другите луѓе во нашата заедница.
"Процесот се нарекува асимилација по склоност, и според него луѓето селективно ги прифаќаат или отфрлаат информациите во шаблони кои ја одразуваат нивната посветеност на одредени вредности," објаснува Кахан.
Тој го започнува истражувањето како контра-тврдење на одредени економисти според кои несогласувањата околу јавните политики се резултат на преголемо потпирање на емоции во носењето одлуки. Според овие истражувачи јавните политики формирани од експерти користејќи промислен и аналитички процес на носење одлуки ќе биде подобар и помалку пристрасен. Ставот на Кахан е дека ова е само "пуста желба" на истражувачите.
Во неговото истражување, во кое им поставува прашања на 1.500 испитаници, Кахан забележува дека луѓето со најмалку научна интелигенција имаа помалку пристрасни позиции отколку оние со најмногу. Како што објаснува тој, конзервативец со висока научна интелигенција ќе ја искористи сета своја вештина за да најде докази против глобалното затоплување, а либерал со исто ниво на научна интелигенција, ќе гледа да најде докази за. И ова важи речиси за секоја покомплицирана тема.
Ваквиот инает ни најмалку не бил присутен околу помалку политизирани прашања, на пример "можеш да претпоставиш колку е веројатно некој точно да одговори на прашањето 'дали електронот е помал од атомот' чисто врз основа на неговото познавање на науката." Тука пристрасноста не игра никаква улога.
Овие со висока научна интелигенција исто така биле најбрзи во поврзување на себеси со ставот на својата политичка група околу прашања за кои ништо не знаеле.