Од штабот на Трамп како причина за одлуката наведуваат дека „толку имало место на масата“, па затоа основачот на втората по големина светска социјална мрежа не бил повикан. Според извори на Политико, исклучувањето на Џек Дорси е поради неговата улога во одбивањето да се додаде емоџи-верзијата на хаштагот #CrookedHillary за време на изборите.
Твитер, иако главна платформа на Трамп, беше една од ретките технолошки компании што не беа на состанокот. Меѓу присутните се најдоа Тим Кук од Епл, Џеф Безос од Амазон, Шерил Сандберг од Фејсбук и Елон Маск од Тесла.
И пред кампањата Твитер беше главната алатка на Трамп за обраќање до јавноста, а пред самиот почеток на претседателската трка неговата кампања направи договор со Твитер за рекламирање во вредност од 5 милиони долари.