Разно

Работниците веќе не добиваат отказ туку ги одвработуваат

Зборувајќи за скриената опасност од еуфемизмите "хроничарот на корпоративен булшит" Марк Питерс за Бибиси пишува: работниците не добиваат отказ туку се одработуваат и дерегрутираат, бидејќи компанијата доживува одраст па мора да мине низ сингергиско преструктуирање на бројот на вработени, по што следува реевалуација на талентот, а дел од нив мора да се аутсорсираат, мултисорсираат, ансорсираат или рајтсорсираат.

Независна Калифорнија?

Следејќи го не така светлиот пример на неколку јужни држави кои во времето кога Обама влегуваше во Белата куќа ветија отцепување од Унијата, а брендирани по движењето што успеа да ја отцепи Британија од другата Унија, во Калифорнија сè повеќе на сила добива калегзит - кампањата за независна Калифорнија.

Како нацистите ја преземаа контролата врз Германија

Самиот Хитлер не е посебно популарен пред да дојде на власт, меѓутоа нацистите брзо го менуваат ова, од едноставна причина што власта ги увеличува идеите на оние што ја имаат во своите раце, пишува професорот по историја на универзитетот Нортвестерн, Питер Хејс.

1984 не е книгата што ви треба

Речиси 70 години старата книга на Орвел пак се актуелизираше заради комбинацијата на страв од тоа што може да го направи Tрамп, постапките на неговите соработници и општа паника (слична реакција јавноста имаше и по откритијата на Сноуден). Сепак, 1984 не е (баш) светот што го живееме.

Борбата против климатските промени ќе ќари од инаетот меѓу ЕУ и САД

Откако вчера Холандија вети дека ќе даде 600 милиони долари за меѓународни програми за абортус и контрацепција за да ја пополни дупката во финансирање оставена од САД, денес на сличен аристократски прекор кон новата постава во Вашингтон се реши и ЕУ, кои од инает ќе инвестираат во борбата со климатските промени. За сега, уште нема твит од Трамп од типот - ви реков дека имаат пари, а само нè цицаат.

Клубот од Пекинг што вреди повеќе од Милан

Откако кинеската градежна компанија Синобо ленд купи 64% од клубот, Пекинг Гуан денес се проценува на над 800 милиони долари, што според Блумберг е повеќе и од некои од најелитните тимови од Европа, "вклучително и 7-кратниот европски шампион Милан".

Ѕидот на Трамп му е само позиција за преговарање

На 25 јануари претставници на мексиканската влада пристигнаа во Вашингтон на средба со луѓе од Белата куќа за прелиминарен разговор пред средбата меѓу Трамп и претседателот на Мексико. Двајцата на 31-ви треба повторно да ја преговараат НАФТА, најважниот трговски договор за Мексико. На 24 јануари во 21:37 Трамп на Твитер објави дека ќе го гради ѕидот кон Мексико.

Што не е во ред со генерацијата родена после 1984?

Имаме старосни граници кога се во прашање цигари, алкохол и коцкање, а немаме старосни граници кога се во прашање мобилни телефони и социјални мрежи. Тоа е како да отворите бифе со алкохол и на тинејџерите да им кажете - ако ве мачат адолесцентски проблеми, послужете се. Баш тоа се случува, објаснува британскиот автор Симон Синек.

Кампањата на Трамп никогаш нема да заврши

Американската инаугурација на претседател е замислена како моментот кога раскрстуваш со кампањата за твоето следно вработување и ја преземаш улогата на лидер на земјата. Ама како човек што толку добро си пројде за време на кампањата, да ја прекине кампањата.

Живот после губење доверба во државата

Новинарот на Њујорк магазин заглавува во една московска гужва точно две коли пред брзата помош чии сирени упорно и подеднакво безуспешно рикаат за некој да и даде предност. На прашање зошто никој не мрда, сопатникот му одговара: затоа што сите знаат дека возачите на Брза помош прават пари на страна нудејќи ВИП возење до аеродром.

700 години западна нееднаквост, во еден графикон

Честопати имаме чувство дека растечката нееднаквост е проблем на 21-от век и дека оние одвратно големи богатства на топ 1% или топ 10% најбогати наспроти сите други се модерна аномалија. Не, историјата и податоците го покажуваат спротивното. Има нешто труло во тоа Западот, само што ние недоволно озбилно ги земавме и Шекспир и Маркс.

Ветувањата на Обама: остварено, неостварено и компромис

Вашингтон пост прави завршна смета за успешноста на Обама во остварувањето на околу 40 големи ветувања што ги дава за време на двете претседателски кампањи.

Полека со апокалипсата, светот е подобар отколку што го мислиме

Колку лоша година беше 2016. Со терористички напади, Британци излудени со брегзит, а Американците избраа Твитер трол за лидер на својата држава. Во Сирија и останатите воени зони, луѓето цела година се давеа во крв. Згора на сè, голем број од нашите најомилени уметници минатата година ја напуштија сцената, засекогаш. И сепак...

Алкохолот остана бесплатен во белгискиот парламент

Сложно како во ретко кои прилики, белгиските парламентарци го одбија предлогот за укинување на бесплатното пиво и вино кои ги добиваат за да не мораат да ги напуштаат пленарните седници.

Да ги запознаеме најблиските луѓе на Трамп

Како претседател на САД ќе раководи со огромна машинерија од луѓе. Сепак еден е оној прв и најблизок круг на луѓе во кои владетелот има најголема доверба. Кои се тие кај Трамп, со малку побитолчанети прекари.

Империјата на недвижнини зад Претседателот на САД

Трамп е најбогатиот претседател на САД во историјата на земјата. Трамп приказната во Америка почнува во 1885 кога Фредерик Трамп (дедото на Доналд) се качува на брод и стига во Њујорк. По 100 и кусур години семеен бизнис базиран на работа со хотели (курварник), згради, казина, градежништво, неплаќање фактури и слично, Трамп вчера даде заклетва како 45-от претседател на САД.

Што прави шпион кога ќе се пензионира?

Вообичаената траекторија на кариерата на британски шпион е неколку години во државна служба па префрлање во приватен сектор, најчесто со отворање на сопствена консултантска фирма. Кристофер Стил, поранешниот агент на МИ6, што на ФБИ му ги даде документите за корупција во ФИФА, а потоа и досието за Трамп, се пензионира на 44 години.

Берни Мадоф направи монопол и во затвор

Одлежувајќи ја 150-годишната казна за повеќе милијарди вредната измама, во која крадеше од богатите и си даваше на себе, Мадоф успеал да монополизира дел од пазарот на црно во затворот Бутнер.

Зошто малцинствата гласаат за крајна десница?

Историски на спротивставени страни, малцинствата и радикално десничарските партии во Европа стануваат неочекувани сојузници. Првите затоа што во десницата гледаат единствена ефикасна заштита од радикалниот ислам, вториве заради добивање поширок кредибилитет во јавноста.

Последното писмо што ќе го добие претседателот Обама

Додека од двор ги собираат расфрланите алатки и ги прибираат во шупа, проверуваат дали исклучиле бојлер и шпорет, а Мишел по којзнае кој пат го потсетува да заклучат „и горе и доле“, во Белата куќа стигнува писмо. Напишано е од човекот што го смисли и го оркестрираше нападот од 11 септември.

Германија до Трамп: Ќе купувавме американски коли да ги биваше

Трамп пред некој ден ја критикуваше Меркел за нејзината позиција кон бегалците и се закани дека ќе воведе 35% царина на увоз на БМВ во САД, затоа што Германците биле нефер и не купувале американски автомобили.

Серискиот шпиoн што го изработи досието за Трамп

Оперативецот што на Американците им го испорача досието за наводните компромитирачки материјали што Русите ги имаат за Трамп е поранешен агент на англиската МИ6. Ова е истиот човек што минатата година на ФБИ му ги испорача материјалите за корупција во ФИФА.

Дечкото што проба да биде касиер

Со потекло од семејство со горда историја на луѓе што се откажуваат, како дедо му кој по првото излегување од рударската јама го фрла шлемот и веќе никогаш не стапнува во лифт, така и главниот лик Петар Пауновиќ се пробува во професијата касиер. Оваа кариера ја завршува по 20 дена, и со длабоко разбирање зошто "касиерките секогаш се надркани".

Дебелото не е трајно, ама треба потење

Се вика Џеси Гибсон и моментално е фитнес модел кој во своето резиме има достигнување од типот - ослабев 57 кила.