Марин, така се губи!

Непосредно по обелоденувањето на резултатите и дознавањето дека изборите се изгубени, Марин Ле Пен во нејзиниот изборен штаб, разиграна на музика од 80-тите (Џоан Џет и Вилиџ пипл). Да сме глупи терористи задоени со идејата дека лесно ќе ја уплашиме и клекнеме Франција, сега би се посрале од страв од ваквиот француски став и поглед на животот.

Ле Пен освои само една третина од гласовите на претседателските избори кои таа и нејзиниот Национален фронт ги изгубија од центристот Емануел Макрон.

Ваквите резултати таа ги прогласи за „историска и масивна победа“ на нејзиното движење кое сега е устоличено како најсилната опозициона партија во Франција. 

„Ги повикувам сите патриоти да ни се придружат“, рече Ле Пен која ја чекаат парламентарни избори следниот месец. „Следниве месеци на Франција ќе ѝ бидете повеќе потребни од кога и да било порано“.

За Марин Ле Пен гласаа околу 11 милиони Французи, двојно повеќе отколку што vo 2002 godina освои нејзиниот татко и основач на Националниот фронт, Жан-Мари Ле Пен.

8 мај 2017 - 09:15