Разно

Драга ЕУ: Европа е повеќе од само Париз и Амстердам

Како што доаѓа време за разделување од Британија, така ЕУ полека почнува да ги прави првите логистички потези па периодов седиштата на две ЕУ агенции се преселени од Лондон во Париз и Амстердам. Проблемот на колумнистот на Блумберг е што и при овој избор ЕУ се однесува како истокот од Унијата да не постои.

Човекот кого божјата казна го стигна со половина век задоцнување

Озлогласениот убиец и водачот на псевдо-сатанистички клут деновиве умре во болница во Калифорнија на 83 години. Речиси пет децении тој имаше посебно место во американската, но и во светската поп-култура, како олицетворение на сè што е зло и демонско во човека. Кај нас РИП-ови му пишуваат.

Саудискиот принц на темнината

Во рок од неколку седмици, саудискиот принц наследник (позиција на која дојде по многу драма) го присили либанскиот премиер да поднесе оставка, директно му се закани на Иран и изврши масовно апсење на членови на сопственото кралско семејство.

САД има потрошено 3 пати повеќе пари на војни отколку што Пентагон кажува

За пост 11-ти септември војните на разните американски администрации, секој американски даночен обврзник во просек има платено по 23.386 долари.

Не сме ни блиску до среќни

Аргументот „среќата не е во парите“ ќе го оставиме да се објасни со „полесно е да плачеш во Ауди отколку на точак“, во меѓувреме овие што имаат пари пресметале дека ти требаат најмалку 100 милиони долари за стварно да се чувствуваш богат.

Женските гради не се слобода на говор

За да го заштити јавното добро, безбедност и морал, државата треба да ги одвраќа жените да одат топлес, реши американскиот федерален суд со што криењето на женските гради го направи поважно од целиот слободарски корпус кој е заштитен со првиот амандман од американскиот устав.

Како сојузниците помогнаа борците на ИСИС да избегаат од Рака

ИСИС од една, Курдите и американско-британски сили во Сирија од друга страна постигнале таен договор кој им дозволил на стотици терористи на ИСИС заедно со своите семејства и оружје да избегаат од Рака. Конвојот испратен под закрила од западните сојузници во Сирија, вклучувал и некои од најозлогласените членови на ИСИС, плус десетици странски борци на џихадистите, објавува Бибиси.

Како Британија му ги вршеше валканите работи на Гадафи

И покрај интервјуата со разузнавачи од САД и Британија, и информации добиени преку закон за слобода на информации, она што следува во најголем дел е откриено од разузнавачки документи пронајдени по револуцијата во Либија, расфрлани по владини канцеларии, затвори, приватни резиденции и канцелариите на либиското разузнавање, пишува Гардијан на темата за тоа како британската тајна служба од 2001 го одржува во живот и помага владеењето на Гадафи.

Потврден масакр што 100 години никаде не постоеше

Речиси 100 години Абориџините од Западна Австралија низ усни сведоштва и уметност зборуваат за масакар што го извршиле Австралијците на нивна територија, а за кој нема никаков пишан траг во кој било официјален австралиски документи, вклучувајќи полициски досиеа.

Америка на Европа ѝ продава руски гас

Една од најголемите геостратешки победи на ЕУ против Русија беше почетокот на раскрстувањето со зависност од руски природен гас, кој беше заменет со редовни испораки на енергенсот од Америка. Излезе дека и овој пат преовладала старата „кај што има ексел, нема правдина“, и дека американските добавувачи на Европа и испорачувале руски гас.

Шпиони и новинари на платниот список на Вајнстин

Еден од најмоќните луѓе во Холивуд со години работи на задушување на сите обвиненија против него за сексуални напади, во што на своја страна има ангажирано екс-Мосад шпиони и новинари.

Проблемот со Рајските документи

Што всушност „се откри“ со најновите милиони протечени документи од оф шор компании: дека тајкуните и компаниите со помош на своите даночни експерти, финансиски советници и адвокати го мрдаат капиталот со цел да ги намалат даночните основици и на тој начин да платат помалку данок. Тоа е како да откриеш дека сладоледот има шеќер или дека мечките серат во шума.

Ниту во Македонија гемиџии, ниту во Јапонија камикази

Има една штосна - а пасент дарвинстичка - теорија зошто Македонците денес се вакви, никакви. Затоа што најголемите македонски херои имаат загинато премлади, пред да успеат да го посеат своето јуначко ДНК семе, па овој народ е резултат на генетскиот материјал на оние Трајко, Трпе и другите што траеле и трпеле. Та не сме саде ние, та не сме саде тука.

Криење пари за богати во 5 чекори

Година и пол по Панама документите, новинарите на ИЦИЈ објавија ново пакетче документи од топлите краишта, овој пат под име Рајските документи, со тежина од 13,4 милиони фајлови собрани во 1,4 терабајти. Сега во прашање е една адвокатска компанија, Еплбај, која работи во 10 јурисдикции, и секаде работи на криење на парите на ултра богатите. Новинарите на ИЦИЈ успеале да им го најдат крајот.

200 универзитети пуштија 600 бесплатни онлајн курсеви

Како дел од глобална иницијатива што се води како МООК (Massive Open Online Courses) универзитети низ цел свет на интернет понудија бесплатни курсеви по најразлични предмети што тие ги владеат. Наоѓаш што ти треба, седнуваш, кликаш и учиш.

Изгледа отупевме на тероризам

Процената е дека со инсистирањето на создавање состојба на постојана опасност од терористички напади (големи или мали), ИСИС наместо чист страв успеа да креира замор кај јавноста низ светот во однос на истите.

Како Хилари Клинтон тајно ја презема Демократската партија

Неочекуван, жестоко критички текст на Дона Бразил, претседавачот на Демократската партија за лукавите потези на Хилари Клинтон со кои ја стави партијата под своја контрола. Повеќе од самиот текст, интересно е прашањето зошто баш сега ѝ се врти грб на Хилари? Дали тоа Демократите прават место за Берни Сандерс на тронот?

Зошто баш Лајка?

На 3-ти ноември 1957 Советите ја качуваат Лајка во сателит и ја лансираат во вселената, со што џукелата од московските улици станува првото живо суштество од Земјата што патувало во вселената.

42 клипови и филмови од компјутерот на Осама бин Ладен

Повеќе од 6 години по убиството на Осама бин Ладен од страна на американските специјалци сред Пакистан, ЦИА објави огромен дел од фајловите и документите што специјалите успеаа да ги извлечкаат со себе од куќата на Осама (заедно со неговото тело).

Изгледа толку беше и од кариерата на Кевин Спејси

Ако одиме по до сега востановеното сценарио претстојниов период најверојатно ќе се случи погребот на кариерата на Кевин Спејси, откако тој беше обвинет дека се обидувал сексуално да заведе малолетен глумец. Кевин Спејси речиси и да не негираше ништо од ова (не се сеќава, одамна било) и по пат ги потврди долгогодишните гласини дека е геј.

Јемелјаненко против Јемелјаненко

Неспорно нашиот омилен и за нас најдобар ММА борец што некогаш се појавил, против една несфатлива ММА дивоградба со застрашувачки наивен изглед. Првиот е Фјодор, вториот е брат му Александар.

Секс, дроги и нуклеарни подморници

Членови на екипаж на британска нуклеарна подморница се отпуштени од службата откако испаднале позитивни на дрога. А во подморницата паѓало и секс.

Ли Харви Освалд се сретнал со агент на КГБ пред убиството на Кенеди

Два месеца пред атентатот во Далас, официјалниот убиец на Џон Кенеди се сретнал со висок офицер на КГБ, од одделот за саботажи и ликвидации, откриваат штотуку декласифицираните документи на ЦИА.

Италија и плаќа на Либија да лови мигранти на Медитеранот

Додека чека ЕУ да се договори сама со себе да направи нешто околу пипка-трепка правилата за мигранти (каде стапне мигрант таа држава станува одговорна за него), на Италија и стана јасно дека е полесно таа директно да се договори со Либија.