Лекот Амбиен може да има неколку несакани дејствија, но расизмот не е еден од нив, порачуваат производителите.
Твитот кој омаловажи една помошничка на Обама со полу-африканско потекло предизвика итно повлекување на телевизиската куќа АБЦ од најавениот проект со Розен Бар а услугите и ги скратија и нејзините ПР агенти.
„Како Муслиманското братство и Планетата на мајмуните да направиле дете“, напиша таа на Твитер за Валери Џерет.
Подоцна го избриша тој твит, се извини и проба да објасни дека го напишала под дејство на лекот Амбиен. Подоцна и тој твит го избриша.
Производителот на Амбиен, компанијата Санофи регираше со изјава:
Вистина е дека секој медикаментен третман може да има несакани дејствија но расизмот не е еден од нив кај ниеден наш производ“.
Сепак, невролози предупредуваат дека е сосема можно човек на лек како Амбиен или сличен на него да не се сеќава на она што го пишувал па препорачуваат да не се држи смартфонот во близина бидејќи лекот и социјалните мрежи не одат заедно.
A бидејќи не може да поднесе тој да не е во центарот на вниманието, Доналд Дамб го искористи случајот да кенка како тоа АБЦ се извинувале за она што го рекла Бар а не му се извиниле нему за сето она што го имаат кажано на негова сметка.