„Секоја девојка е ’би’. Само треба да откриеш дали тоа е ’поларна’ или ’сексуална’“ е твитот што беше доволно неподнослив за Вашингтон пост, за новинарот Дејвид Вајгел, со 8-годишен стаж во весникот, да биде суспендиран заради него.
Фудбалерите на Арсенал го претрпеа и третиот пораз по ред во Премиер лига, овојпат дома 0:1 од Барнсли во 12. коло. Барнли славеше против „топџиите“ првпат после 1974-та година.
Додека неколку НБА франшизи периодов го освојуваа азискиот пазар и одиграа неколку пријателски средби таму, генералниот менаџер на Хјустон Рокетс напиша нешто за правата на Хонг-Конг и го навлече гневот на Кинезите.
Додека новинар му поставува прашање на Златан Ибрахимовиќ, камерман, режија, студио, соиграчи, тренери, сите очекуваат да слушнат што следно ќе развали Ибра. Човекот е луд заебант и нема утка во одговорите.
За глупиот твит поради кој изгуби работа, Розен Бар проба да се оправда дека го пишувала додека била на апчиња за спиење. Производителот на тој лек се јави и кажа дека напад на акутен расизам не е меѓу нус-ефектите на тој производ.
Иако отпадна од трката, Берни Сандерс и неговата линија на размислување сериозно се вградија во политичко-економскиот живот на САД. Еден негов твит, и акциите паѓаат.
Најдобриот снукер играч во историјата, Рони О’Саливен на својот Твитер профил постираше фотографија од Роберт Де Ниро како млад на која многу личи на Новак Ѓоковиќ. И самиот Де Ниро често го гледа Ѓоковиќ во живо и е негов голем навивач.
Изворите на твитерџијава пред 6 дена му кажале дека Манчестер Јунајтед ќе загуби од Стоук со 2:0, головите ќе ги постигнат Кркиќ и Арнаутовиќ, а Луи ван Гал следниот ден ќе биде отпуштен. Останува да видиме дали ќе се случи уште последното.
Напаѓачот на Манчестер Сити има близу осум милиони следбеници на Твитер, твитнал околу 3.700 Твита и следи околу 116 луѓе на оваа мрежа. Од почетокот, па до сега фејвнал само еднаш и тоа вчера.