Директорот на програмата за сместување бегалци призна дека во последните три месеци од 2017 државата губи секаква трага на речиси 1.500 деца кои биле сместени во таканаречени спонзорски семејства. Признанието на Стивен Вагнер доаѓа среде извештаите дека властите секојдневно разделуваат деца од нивните родители на границата.
На поголемиот број деца се гледа да им се најде сместување во семејства кои имаат некакво сродство или се блиски со нивните фамилии но има и такви кои завршуваат кај непознати луѓе.
Децата на кои им се губи трага изнесуваат речиси 20% од сите сместени деца на мигранти. Директорот тврди дека неговата институција не е правно одговорна за децата откако тие ќе заминат од кај нив.
Шефот на департментот за безбедност пред Сенатот соопшти дека службите ги гонат сите кои нелегално ја минуваат границата, без разлика дали тие мислат дека заслужуваат политички азил или пак се со мали деца.