Ваквиот предлог е дел од еден поширок план Европа целосно да се тргне од еднократните пластични производи кои најлесно завршуваат по улиците, водите и плажите.
Новата легислатива не е насочена само кон забрана на некои производи туку и ко тоа пластичарите да ги сносат трошоците за чистење и складирање на отпадот создаден од она што го произведуваат.
Кoмисијата проценува дека овие правила, кои ќе треба комплетно да стапат на сила до 2030 година, ќе го чинат тој бизнис околу 3 милијарди евра годишно, но истовремено на потрошувачите ќе им заштедат 6,5 милијарди евра, ќе бидат создадени нови 30.000 работни места и ќе се избегнат трошоци од 22 милијарди евра на тема заштита на човековата околина.
Рециклирањето и повторната употреба на пластиката е засрамувачки мала во споредба со други производи. На глобално ниво само 14% од пластичните производи се преработуваат а таа пластика повторно се враќа во употреба. Кај хартијата тој удел изнесува 55% а кај железото и челикот дури 90 %.
Онаа самосоздадена Дрисла која плута вио Тихиот океан се проценува дека тежи 87.000 тони отпад. Калифорнија имаше фини искуства со забраната на пластични кеси. Една година по воведувањето на забраната, количината такво ѓубре се намали за цели 72%.