Разно

Данок на избришан долг

Администрацијата на Бајден понуди бришење на дел од студентските долгови на Американците кои изнесуваат фрапантни 1,6 трилиони долари.  Но, тоа не е сè што државата има да го каже на таа тема.

Понуда на Трамп за CNN: Можам да ве направам златен рудник

Медиумско-политичките бракови во САД одамна се претворени во тежок свингерај. Фокс сега му е најлут противник на Трамп а тој пак, за неговите некогаш најголеми медиумски душмани CNN има условена понуда: свртете малку накај што треба и ќе се наполните пари.

Михаил Горбачов, од голем реформатор до продавач на пица

Последниот советски лидер почина на 92 години. И натаму ќе останат отворени прашањата и дилемите дали тој повеќе беше државник (statesman) или продавач (salesman). Горбачов покрена историски бранови кои беа поголеми од него а политичката кариера ја заврши многу неславно. И како да не продава пица?

Како Америка се уплаши од образуван пролетаријат

Американци должат планини пари заради студентските кредити кои ги земале на времето. Потеклото на овој долг нè враќа во времето на Роналд Реган и еден негов советник кој процени: „Бесплатното школство ќе ни создаде опасен образуван пролетаријат“.

Расна сегрегација во име на разбуденоста

Расната сегрегација, таа стара одвратна пракса за која до пред некое време секој во Америка ќе се заколнеше дека е трајно искоренета со дамнешниот закон за граѓански права од 1964 година, наголемо се враќа во САД, денес исполирана со политичка коректност.

Неочекуваниот херој на Либан

42 годишен Либанец влезе вооружен во банка, држеше заложници и се закануваше дека ќе се запали и себе и сè околу себе ако не му се исполнат барањата. Наместо да стане омразениот Либанец на денот, човекот им стана херој на луѓето.

И во најхрабрите европски визии нема пруга Скопје - Софија

Германските Зелени на импресивен начин ја прикажаа својата визија за Европа, вмрежена со „Ноќни спринтери“, возови кои ноќе ќе шибаат брзо и тивко и ќе поврзуваат оддалечени дестинации додека човек спие. Тоа би бил одржлив, егзотичен и комфорен начин на патување по Европа.

Кога на рочиште ќе сфатиш дека адвокатот ти е кретен

Лајавиот Алекс Џонс го репнаа  4,1 милион долари како отштета на родителите на жртвите на пукањето во основното школото Сенди Хук, за кое тој тврдеше дека #НеСеДесило. Нај момент од судењето е кога му ги покажуваа телефонските пораки.

Преписка Болсонаро - ДиКаприо

Леонардо ДиКаприо пренесе мапа на која се гледа како Амазонија страда од нелегална сеча на шумите последните три години. Бразилскиот претседател му возврати остро: Лео, пак ти? И патем го праша што вика Грета Тимберлејк за јагленот во Европа.

До кога мислите да имате своја кола?

Ако Светскиот економски форум го „сомничиме“ како инстанца која навестува каде одат работите, тогаш на приватните автомобили им истекува времето. Вадат податоци дека во Британија просечна кола се користи само 4% од времето. Хмм, гз папир користиме веројатно под 0,5% од времето, па не значи дека е луксуз.

Добро е синчето на Бајден, само многу пари на курви му одат

Хантер Бајден спискал 30.000 долари на проститутки за само пет месеци а чековите ги маскирал како медицински услуги. Се има, се може. Татко му на Хантер, актуелен станар во Белата куќа кој преживува длабока когнитивна есен, го имаше наместо синот во одбор на украинската компанија Буризмо, нормално, за вагон пари. 

Наставата што се изгуби во ковид е глобална катастрофа

Милиони деца низ светот кои во март 2020 беа попратени дома „за да ја израмниме кривата“ и „да го спречиме пикот“, се уште се немаат вратено во училница, и тоа е штета што цел свет ќе ја плаќа.

Бегалските трауми на жена на украински тајкун

Украинските граници и натаму секојдневно ги преминуваат кутри луѓе кои бегаат од војната во својата земја. Меѓу нив се најде и Анастасија Котвицка која претрпе и дополнителни трауми на граница. И тоа само затоа што не пријавила дека со себе носи и некои 30-тина милиони долари.

Важи ли забраната за абортус и за ин витро?

Советскиот сојуз уште во Лениново време стана првата модерна држава во која абортусот беше легализиран. Актуелната Америка сега е на сосема другиот крај од приказната, притоа, со некои нови дилеми: ако двојка реши да не искористи оплодена јајце клетка која се чува во фрижидер, дали е тоа убиство?

Тоблероне ја губат Швајцарија

Чоколадите Тоблероне и натаму се произведуваат екслузивно во Швајцарија, меѓутоа газдите планираат да го шират бизнисот и надвор од земјата. Според швајцарските закони, таа промена си има своја цена.

Илон Маск: Јапонија може да исчезне

Демографските трендови е еднa од омилените теми за мозгање на првиот човек на Тесла. Тој ja предупреди Америка дека може да завршат како Јапонија, а Јапонија пак, може да исчезне. Бројките навистина се страшни: само за една година Јапонија има изгубено 600.000 луѓе.

Органскиот бизнис на еден сенатор

Долгогодишен сенатор од Нигерија, организирал доаѓање на 15 годишно момче од неговата земја во Велика Британија. Единствената причина за организирање транспорт на момчето било  - да му се земат органите, се разбира, без негово знаење. Купувачите се непознати. 

Истокот почна да надвладува во ЕУ?

Не само што војната во Украина (и покрај сите себе-честитања) не ја обедини Унијата на некој до сега невиден или трансформативен начин, туку таа има спротивно влијание на продлабочување на поделбите, менување на сојузништва и балансот на моќ. Токму тоа што Франција и Германија не го сакаат.

Гуаидо го папаше

Американскиот пулен за Венецуела кого Вашингтон не успеа да го инсталира за прв човек во таа држава (американската политика некогаш е заев ама некогаш е заеб) доживува лоши денови во својата политичка кариера. Човекот кој мислеше дека не може да не успее затоа што зад себе ја има поддршката од Запад, денеска го ќофтаат кај што ќе стигнат.

Украина ќе плати за слабостите на НАТО

Ако штит е нешто што треба да го одврати и заплаши непријателот, и нешто зад кое што можеш да се скриеш во случај на напад, и да ја симболизира твојата решителност, тогаш што правиме ако тој штит е скршен или има фундаментални мани.

Премногу Украинци гинат на фронтот за војната да не се сврти во руска корист

Ситуацијата со која треба да се бори украинскиот генералштаб е: борбени сили кои се премногу развлечени на фронтот, и неможност за стопирање на борбите бидејќи секое паузирање ќе биде од корист на Русија.

Обоено политикантство

Во приказна која личи на овдешните политички реваншизми, Џо Бајден ја поништил нарачката на неговиот претходник околу боите на новите претседателски авиони. За да не испадне поништувањето многу сељачко, тука се медиумите да објаснат дека боите на Трамп носат безбедносни закани.

Канада ќе става предупредување на секоја цигара

Канада вели дека фотографиите и предупредувањата на кутиите веќе ја изгубиле својата шокантност и влијание па им треба поддршка, особено заради младите, иако таму само 4% млади пушат. Предлогот е на секоја цигара да има отпечатено „Отров во секое димче“.

Клучот за масовните убијци е во самоубијците

Детално проучувајќи биографии на 180 лица кои извршиле масовни пукања и убиства уште од 1966 година, истражувачи дошле до фрапантни сличности меѓу тие луѓе, сознание за кое сметаат дека може да помогне да се заузда овој автохтон американски проблем. Само кога политичарите би слушале.