Мигрантите во САД сами ќе бираат пол

На мигрантите кои ќе доаѓаат во САД, веќе нема да им бидат потребни никакви документи за нивниот пол бидејќи ќе можат сами да го одберат. За почеток има само две опции а потоа лоби групите ќе ја завршуваат работата за нон-бајнари и другите. Којзнае кога странските соколи ќе дојдат на ред?

Службата за државјанство и имиграција на САД го одбележа денот на видливоста на трансродовите лица со најава дека ќе почне да прифаќа „самоидентификувани родови маркери“ од странски лица кои бараат легални имиграциони услуги и бенефиции, без да им се бараат пропратни документи за тоа прашање.

Во моментов постојат само две опции, машко или женско, едноставно затоа што такви се постоечките обрасци.

Службата за државјанство тврди дека барањето за поднесување докази за родниот идентитет само создавал дополнителни пречки за патување и вработување и дека неговото укинување ќе помогне во спречување на дискриминацијата и вознемирувањето заради поседување некомплетни лични документи.

Пред две години, Џо Бајден го прогласи 31 март за Ден на видливоста на трансродовите лица а годинава порача дека „трансродовите Американците ја обликуваат душата на нацијата“.

Лани Стејт департментот почна да ја нуди родовата опција „ИКС“ на пасошите, за оние со „неодреден или друг родов идентитет,“ без потреба да се достави каква било медицинска документација.

2 април 2023 - 10:09