Дизниленд ќе прави геј парада

Продолжува војната меѓу Дизниленд (чија матична компанија се залага во најскора иднина барем 50% од ликовите на Дизни да бидат репрезенти на расните малцинства и LGBTQIA) и конзервативниот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис. Овој им се закани дека ќе им изгради затвор до паркот. Овие најавија геј парада.

Калифорнискиот Дизниленд најави дека ќе го организира првиот „Прајд најт“ непосредно откако ДеСантис најави дека е можно да се изгради државен затвор до Дизни Ворлд во Орландо, Флорида.

Прајдот ќе се одржи во ноќните часови од 13 до 15 јуни и ќе се слави LGBTQ+ заедницата и нејзините сојузници. Ова е настан башка од „Геј деновите“ кои под друга организација редовно се одржуваат во истиот Дизни Ворлд. Прајд најт за прв пат направи парискиот Дизниленд во 2019 година.

Војната меѓу идеолошки спротивставените Дизни и ДеСантис се разгоре откако првите жестоко се спротивставија на неговиот „Don't Say Gay“ закон со кој се забрани на деца од градинки и основни школи да им се држат часови за сексуални ориентации и родови идентитети а на родителите им се дава поголема контрола што од тоа ќе слушаат нивните деца. 

Во меѓувреме, гувернерот се обидува со законски измени да го развласти Дизни ворлд кој уште од 60-тите години на минатиот век има стекнато статус на своевидна локална самоуправа. 

Генерално, на Дизни не му оди сјајно. Во последната рунда почнаа да отпуштаат 7.000 вработени.

*************

Види и:

Рамковен договор за ликовите на Дизни

Нови Пазар се крена против Дизни

 

20 април 2023 - 19:33