- Нови Пазар го симна од репертоарот детскиот анимиран филм „Чудесен свет“ во продукција на Дизни, каде главниот лик е геј и оттаму родителите сметаат дека „пропагира хомосексуалност“.
- Од културниот центар се правдаат дека немале увид во синопсисот, и дека се обратиле до дистрибутерот со барање во иднина да им праќа детални описи на филмовите.
- И покрај тоа што ILGA, организација за правата на LGBT+ заедницата, тврди дека во Србија само 37% ги почитуваат геј правата, минатиот викенд филмот беше најгледан во земјата.
- Но, на Дизни не му врти грб само Нови пазар. Се проценува дека компанијата ќе изгуби околу 100 милиони долари заради нејзиниот нов „разбуден“ репертоар.
- Во 2025 година имало 2.465 напади од омраза кон христијани во Европа, покажува новиот извештај на Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација OIDAC. Тоа е зголемување од 11,5% во споредба со претходната година.
- Имало 395 напади или закани на верска основа насочени кон поединци, за разлика од 274 во претходната година.
- Во Франција се регистрирани 843 напади, во Англија и Велс 624, во Германија 337 и во Австрија 134.
- Во Лион во септември 2025 година пред својот дом бил избоден до смрт Ашур Сарнаја, 45-годишен асирски христијанин со попреченост, кој веќе избегал од исламистички прогон во Ирак. Властите потврдија дека нападот бил поттикнат од радикална џихадистичка идеологија.
- Во светот христијаните се најзагрозени во Нигерија. Локалната невладина организација Intersociety документирала дека само во првите осум месеци џихадисти убиле 3.038 христијани и киднапирале 3.193.
- На едно место ги собираат и средуваат линковите од стари македонски емисии, серии и телевизиски прилози кои се расфрлани по Јутјуб и социјалните мрежи.
- Архивата во моментов има околу 3.000 записи. Меѓу нив се прилог за Скопје со Кензо Танге од 1973 година, ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“, има цели емисии и филмови, но и кратки прилози и извадоци што сами по себе бележат некој момент од животот на градот или од домашната телевизиска продукција.
- Снимките се подредени по деценија и година. Секоја година има своја VHS касета, а со клик на неа се отвора списокот со снимки. За оние што сакаат да разгледуваат по жанр, има одделни полици за филмови, серии, документарци и музика на ТВ.