Offside

Добрите другари и веќе подолго време ортаци на теренот, Лионел Меси и Луис Суарез постигнаа по 2 гола во триумфот на Интер Мајами 4-0 против Ди-Си Јунајтед. Лео штотуку беше емотивно испратен во репрезентативно пензија во својата Аргентина, а сега му се врати на клупскиот фудбал каде продолжи да дава голови.

Има да тренирате, па ако треба и ќе настинете

Со Антонио Конте нема лабаво ни на дожд, па макар се откорне од врнење и теренот е како за на ватерполо. Во недела не играат финале во Лига на шампиони, туку имаат гостување против Сасуоло. Ама него ич не му чуе, тој кисне и тие киснат. Тоа е, милиони лапаат.

Кога Шпанците ќе ја стават топката во сеф

Поимот доминација во играта на шпанската репрезентација си влече длабоки корени после онаа незапирлива серија од освоени ЕП 2008, СП 2010, ЕП 2012. Во квалификациите за ЕП 2020 имаат 6 победи и 2 нерешени. Дечките не само што не грешат со топка, туку и да сакаш не можеш да им ја земеш.

Каков е овој прием на Меси без да ја гледа?

Ја остава лабаво да му оди зад грб и не само што ја удира, туку ја смирува со петица без да ја гледа и си ја мести на другата нога за да ја врати. Ете затоа имаме тотално право за некои играчи да кажеме дека се волшебници со топка.

Српски второлигаш стигна до полуфинале во ЛШ на Менаџер, а фанатикот кој ги однесе си доби работа во клубот

Талентираниот млад дечко успеал со Фк Бежанија од Нови Сад да ги победи Манчестер Сити, Тотенхем и Баерн Минхен. Те бива? Ајде кај нас во клуб.

Шевченко ја препороди Украина која убедливо оди на Европско 2020

Во понеделникот репрезентацијата на Украина го победи европскиот шампион Португалија со 2:1 и меѓу првите обезбеди пласман на Европско првенство 2020. „Жолто-сините“ играат многу убедлив фудбал, а ренесансата ја направи легендарниот Шева.

Лукоил со пресврт до победа над ЕЛЕМ

Во вториот ден од третото коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Еуро Табак, Макпетрол, Лукоил и Ван Хоол.

Глауч на годината

За да поверувате дека воопшто може да постои гол со глава од пола терен, ќе мора да го видите видеово. Го постигна извесен Стеф Галински од нисколигашкиот фудбал во Англија. Коментаторот од што се збуни, го снема во еден момент.

Кирјос ја удрил колата вредна 300.000 долари и нема да игра во Париз

Австралискиот тенисер со грчко потекло ги откажа настапите на претстојните турнири во Виена и Париз, од причина што имал удар со неговиот автомобил во Австрија.

Уникатна можност да ја гледаш најслабата репрезентација на светот

32 години играат квалификации. Одиграле 136 натпревари и не победиле ниту еднаш. На ФИФА ранг листата се 210-ти од 210 репрезентации на светот. И секој нареден натпревар, домашните навивачи одат на стадионот „Олимпико“ со надеж дека можеби сега е моментот.

Римскиот Папа со хаштаг случајно го поддржа Њу Орлеанс

Во неделата во НФЛ (американски фудбал) се играше дуелот меѓу Њу Орлеанс Сеинтс и Џексонвил. Победил тимот од Луизиана а во тоа имал помош и од Римскиот Папа Франциск.

Дај не бидете расисти, го расплакавте Стоичков

Бугарската фудбалска легенда имаше би рекле една неочекувана реакција кога во студио го прашаа што мисли и како да се спречи расизмот во неговата земја.

Без публика и без камери, после 29 години во Пјонгјанг играа Северна и Јужна Кореа

Додека во Европа се играат квалификации за Европско 2020, во Азија веќе почнаа квалификациите за Светско 2022.

Ја видовте ли парадата на Де Хеа?

На гостувањето кај Шведска, Шпанците играа одличен фудбал, имаа посед на топка и неколку шанси, ама Швеѓаните поведоа први преку Берг во 50’ минута. Голем бод на Шпанија и донесе Родриго во 90+2’, ама и Де Хеа кој пред да излезе поради повреда во 60’ минута, бранеше добро.

Страшни 55 секунди со Роналдо пред да наполни 21

Девет години како фудбалскиот свет е посиромашен без неговите игри (се пензионираше во Коринтијас 2011-та), а 11 како ја напушти Европа (последно играше за Милан 2007/2008). За ваков феномен со топка 13 клупски трофеи се премалку во кариерата, особено оние еден со Интер и три со Реал каде играше по пет сезони.

Како Зинченко го прослави пласманот на Украина на ЕП

Момците на Андриј Шевченко ја совладаа Португалија и со 19 бода или 6 победи и едно реми, одат директно на Еврошампионатот следната година. Младиот бек на Манчестер Сити, Александр Зинченко скроз одлепи во живо, и тоа не еднаш.

Дриблер на денот - хрватски навивач со велшки полицаец

Хрватска поведе со 0-1 во Велс, но домашните израмнија 1-1 и тоа беше крајниот резултат на мечот од квалификациите за Европско 2020. Хрватите се на прагот од пласман, а Велс ќе мора да се помачи. Исто како и овој нивен полициски службеник кој беше издриблан од хрватски навивач.

Некои луѓе не треба да имаат термин за фудбал

Да се немало почит ни кон играта, ни кон топката, ни кон салата, ни кон собирот, а да не зборуваме кон својот колега. Сè е тука погрешно, а ова ќе им поминеше само ако не снимеа, па и тогаш тешко.

Мајката на Пандев: Земи да учиш, остај фудбалот, Пандев денеска од фудбалот: 9 трофеи во Италија

Се излажал кога му се јавил Прандели за во Галатасарај, затоа што сакал да остане во Наполи и плус имал понуди за Фиорентина и Милан. Но горд и свесен е за успесите во Интер и Лацио, белег на неговата блескава кариера.

Турците ѝ пркосат на УЕФА

Во само три дена, турските репрезентативци, и покрај предупредувањата од УЕФА, одново направија војнички гест со кој ја поздравуваат турската акција на северот од Сирија против Курдите.

Од каде ја извади девојко левицава?

За Михајловиќ, Роберто Карлос, Бекам и Жунињо некако ќе разбереме, ама дека женско стапало може вака дрско во агол од 40 метри, искрено не ни се веруваше. Запознајте ја Каталина од Колумбија.

Црногорската химна исвиркана на Косово

И покрај тоа што претседателот на Црногорската фудбалска федерација, легендарниот Дејан Савичевиќ пред мечот Косово - Црна Гора од квалификациите за Евро 2020, го посети гробот на некогашниот прв човек на фудбалскиот сојуз на Косово Фадиљ Вокри, и покрај тоа што Црна Гора меѓу првите го призна Косово како независна држава, сепак во Приштина им се исвирка химната на „соколите“.

700 пати Кристијано Роналдо, уште 67 гола и рамо до рамо со Пеле

Невоспитаниот тинејџер кој на 18 години добиваше чврги од Кин, Гигс и баграта, денеска е во друштво на великаните кои беше потребно децении за некој да им го освежи друштвото.

Кој се пласираше на Европско, кој има уште шанси и на кој што му треба?

Печат на картите за Европско првенство преку традиционалните квалификации обезбедија Украина, Полска, Италија, Русија и Белгија. На 1 бод од пласман се 5 селекции, а другите чекаат да им се поклопат коцките.

Поради расистички и фашистички испади, 2 пати прекинат мечот Бугарија - Англија

Англиската фудбалска репрезентација со 6 гола во мрежата на Бугарија го трасираше патот кон Европско првенство 2020, но натпреварот ќе остане во сенка на она што англиските медиуми го најавуваа цел месец наназад.