Гостувањето на Манчестер Јунајтед во Казахстан е најдалечно гостување во еврокуповите сезонава. Оле Гунар Солскјер го чекаат мечеви против Астон Вила, Тотенхем (здраво Жозе) и Манчестер Сити. А потоа следува лудилото око Боксинг деј.
Од таа причина тренерот на Манчестер Јунајтед реши да ги одмори скоро сите првотимци: од играчите од прв состав во градот Нурсултан полетале само Лингард, Лук Шоу и Туанзебе. Сите други играчи биле од У23 и У18.
Самиот Солскјер објаснил дека се раководи со здрава логика затоа што веќе се пласираа во плејофот од Лига Европа и сака да им даде шанса на младите.
6️⃣ #MUAcademy lads made their #MUFC bows today 👏 pic.twitter.com/V5n3H619Sy
— Manchester United (@ManUtd) November 28, 2019
Околу 29.000 гледачи на стадионот на Астана не можеле да препознаат скоро ниеден играч на Манчестер на теренот: На голот третиот голман Грант, десно Лерд, стопери Туанзебе и Бернар, лево Лук Шоу. Во среден ред Левит, Гарнер, Лингард и во нападот Чонг Гомез и малиот Гринвуд.
📝 Ole names a youthful XI to face Astana...#MUFC #UEL
— Manchester United (@ManUtd) November 28, 2019
Во првиот состав на Јунајтед и на клупа синожа имало 5 играчи родени до 2000-та година: голманот Ли Грант, Лук Шоу, Аксел Туанзебе, Џеси Лингард и Тахит Чонг (роден декември 1999-та).
Овој состав станал најмладиот во историјата на еврокуповите на Манчестер Јунајтед. Дури и со 36-годишниот Грант на голот, просекот на екипата бил 22 години и 26 дена.
A massive thanks to the Reds who travelled all the way to Kazakhstan for today's game 👏#MUFC #UEL pic.twitter.com/0SA7NtqNk0
— Manchester United (@ManUtd) November 28, 2019
ДОБАР ПОЧЕТОК, ЛОШ КРАЈ
И мечот не почна лошо за клинците на Јунајтед: веќе во 10’ минута по еден добар напад, Лингард кој беше капитен, го отвори резултатот. И во првиот дел Манчестер немаше никакви проблеми.
Но затоа во вторите 45 минути прими два гола:
Првиот падна после неверојатно промашување на Тахиту Чонг пред празен гол, а Астана казни од брза контра и прекрасна комбинација.
Вториот гол падна седум минути после првиот за домаќините. После една комбинаторика, домаќините шутираа кон голот на Грант, а Дешон Бернард си даде автогол.
Пораз од 2-1 но и големо искуство за голобрадите деца на Јунајтед.
Инаку Јунајтед беше подобар статистички од противникот: момците на Солскер дури 20 пати шутираа кон противничкиот гол (4 пати повеќе од противникот), имаа повеќе посед на топка (65% на 35%) и поуспешни дриблинзи (13 спрема 6.
После мечот тренерот на Манчестер му заблагодарил на Казахстан за топлиот прием и кажал дека е задоволен од своите млади удбалери.
„Разочарани сме од резултатот, но почетокот на мечот беше одличен, постигнавме фантастичен гол. Дури и откако примивме гол продолживме да напаѓаме, создадовме притисок пред голот на Ериќ. Во целост задоволен сум од настапот на нашите млади играчи“, рекол Солскјер.
А за Астана победата над Манчестер е историска. Тоа е прв триумф над волку голем клуб во Европа. Астана во еврокуповите настапува од 2013 година. За тоа време еднаш одиграле нерешени и пет пати изгубиле од шпански екипи, два пати изгубиле од германски Вердер и го изгубија првиот меч од Манчестер на Олд Трафорд. Имаат и една победа над француски Рен.