За Македонија има две опции, а тоа се Ц групата каде се наоѓаат Холандија, Украина и Австрија со која веќе игравме во редовните квалификации и група Ф која е нечовечка и ултра тешка за нив, а камо ли за нас. Таму се бранителот на титулата Португалија, светскиот првак Франција и Германија. Потешка на биоскоп.
Како што веќе е познато за Македонија да го направи тој историски исчекор потребно е на 26 март на домашен терен да го совлада во полуфиналето на Лига на нации Косово, а потоа во финале подобриот од дуелот Грузија - Белорусија. Тој меч би го играл како гостин.
Во која група потоа ќе биде зависи од Романија која е дел од Лига на нации во А лигата. Ако го победи Исланд и потоа во финале победникот од средбата Бугарија - Унгарија, тогаш тие ќе бидат четвртата селекција во Ц групата со Холандија, Украина и Австрија и Македонија ќе ја пратат во групата на смртта. Во случај да не успее, тогаш ние би ја добиле нивната група која се разбира е полесна.
Револуционерното ЕП 2020 кое одбележува 60 години од своето постоење, ќе се игра од 12 јуни до 12 јуни во 12 градови во 12 држави, а финалето е закажано за на стадионот Вембли во Лондон.