Во натпревар полн со пресврти ЕЛЕМ поуспешни од ТАВ
ТАВ 2-4(2-3) ЕЛЕМ
ТАВ: Александар Митровски 8’ Мартин Арсовски 7’
ЕЛЕМ: Златко Станковски 5’ 36’ Ванчо Петковски 13’ Јордан Ангеловски 15’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и ЕЛЕМ, прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ во 5та минута преку погодокот на Станкоски. Екипата на Водовод имаше брз одговор и во 7та минута успеа да го израмни резултатот а минута подоцна и да направи целосен резултатски пресврт. Ова беше знак за екипата на ЕЛЕМ да притисне кон противничкиот гол и до полувремето тие успеаа повторно да го превземат водството и на паузата да заминат со предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на Водовод се префрли на противничка половина но подзаборави на својата одбрана што екипата на ЕЛЕМ го искористи за зголемување на водството и конечна победа од 2-4.
Окта со убедлива игра до победа над Водовод
Водовод 2-8(0-4) Окта
Водовод: Стојанче Величковски 39’ Стојанче Ивановски 39’
Окта: Живко Котевски 20’ 24’ Александар Јовчевски 12’ 15’ Драганчо Ѓорѓиевски 34’ Давид Насковски 35’ Јасмин Личина 2’ 6’
Првото полувреме во дуелот помеѓу Водовод и Окта и припадна на екипата на Окта која уште на самиот старт започна со офанзивна игра која и донесе предност до 6та минута од 0-2. По оваа негатива екипата на Водовод започна со агресивна игра со цел да ја намали негативата но екипата на Окта одлично се бранеше а преку контра напади успеваше да казни за високи 0-4 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Водовод на сите можни начини се обидуваше да ја намали високата негатива од полувремето но не успеа да и се спротитави на денеска расположената екипа на Окта која го контролираше резултатот и го приведе овој натпревар во нејзина полза со сигурен резултат од 2-8.
Сава Осигурување преку дуото Глигуровски-Марковски до победа над МЕПСО
МЕПСО 1-7(0-4) Сава Осигурување
МЕПСО: Борис Трајковски 26’
Сава Осигурвање: Јовица Марковски 9’ 22’ 29’ Коста Глигуровски 5’ 17’ 18’ Данило Апостолски 36’
Екипата на Сава осигурување одлично го започна натпреварот со МЕПСО со голот на Коста Глигуровски во 5та минута, неколку минути подоцна односно во 9та минута стрелаше Марковски за 0-2 за Сава Осигурување. Екипата на МЕПСО се обидуваше да створи играч како би дошле до шанса за гол и да ја намалат негативата, но екипата на Сава Осигурување со одлична игра не дозволи изненадување а преку два гол на Глигуровски во 17та и 18та минута ја зголеми предноста на 0-4. Во второто полувреме иста слика екипата на Сава Осигурување имаше целосна контрола врз играта и резултатот и покрај обидите на МЕПСО да се врати во натпреварот немаше успех во тоа. Екипата на Сава Осигурување денеска во својот состав ги имаше расположените Глигуровски и Марковски кои ја осигураа победата на својот тим со 1-7.