Велшани, да не биде после кој последен се смее најслатко се смее

Луѓето задолжени за профилите на социјалните мрежи на фудбалската асоцијација на Велс (посебно оние на Твитер) продолжија со заебанцијата на сметка на Реал Мадрид. Откако навивачите ја пееа песната „Велс, голф, Мадрид“ посветена на тоа што му е најважно на Герет Бејл, сега и официјалните профили продолжија со спрдњата.

На ждрепката за Европско2020, Велс падна во група со Италија, Турција и Швајцарија. Одма најдоа како да го искористат тоа со Бејл па дури и со градовите домаќини на нивните натпревари:

 

1 декември 2019 - 14:42