Offside

Само три дена по освојувањето на трофејот во Пекинг, Новак Ѓоковиќ е елиминиран уште на првиот меч на мастерсот во Шангај. Првпат во кариерата губи во толку рана фаза на овој турнир.

Лука Дончиќ ден 7-ми без баскет

Додека фудбалерите низ светот веќе шкрипат со заби, им се трча им се плаче, па решија жонглираат со тоалетна хартија во домашен карантин, по нивен пат тргна и најдобриот европски кошаркар во моментов во НБА, Лука Дончиќ.

Новите официјални датуми за завршницата на Македонија во Лига на нации

Фудбалската федерација на Македонија го соопшти денот на одигрување на полуфиналето од Лига на нации меѓу Македонија и Косово кое требаше да се игра на 26 март.

Најјакиот мотивирачки потег на радио со навивачка химна

Фудбалски навивачи, пазете го ова. Над 200 радиа од цела Европа ја рокаат во исто време "You Will Never Walk Alone", сè со цел да се обединат луѓето за скапаниот Ковид 19.

Единствено место во Европа каде се игра фудбал со гледачи

Во цела Европа фудбалските и првенствата од другите спортови се прекинати на неопределено време. Исклучок е Белорусија каде веќе се одиграа два меча со навивачи на трибините.

Двајца кошаркари на Лејкерс, еден на Бостон Селтикс позитивни на вирусот

Од ЛА Лејкерс соопштија дека двајца играчи од нивниот ростер биле позитивни на тестирањата, само неколку часа откако четири играчи на Нетс, последниот противник на Лејкерс биле позитивни.

Во Шпанија фудбалски судијки помагаат како медицински сестри

Во Шпанија се разгоре пандемијата: Околу 18.000 заразени, повеќе од 800 смртни исходи. Додека спортистите седат дома во строг карантин, некои судијки отишле доброволно да помагаат како медицински сестри.

Паузата удри по фудбалот, во Сион раскинати договори, Гладбах се откажува од плати

Коронавирусот ја ИСпрати фудбалската сезона во карантин, стадионите се пусти, клубовите не заработуваат. Ако сезонава не заврши според предвиденото, само клубовите од Топ5 лигите ќе изгубат 3,4 милијарди евра, смета KMPG.

Лудачкиот гол на Роналдо против Арсенал

Пред Роналдо и Меси во 2009-та да се сретнат во досега нивното единствено финално соочување во ЛШ, Манчестер Јунајтед во полуфинале за противник го имаше Арсенал. Неблагодарно е да се каже кој му е најјак слободен во кариерата.

Најспремниот бугарски навивач за карантин

Ај не го броите човекот сега, не се знае ова дали ќе трае месец, два, три...и тешко дека ќе му издржи залихава до финалето на Лига на шампиони бидејќи го презакажаа за крај на јуни.

Фудбалер на Реал Мадрид доби кривична во Белград за непочит на мерките

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во синоќешното обраќање отворено кажа дека некои фудбалери „кои заработуваат милиони евра“ во странство, ај што се вратиле дома, туку и не ја почитувале вонредната состојба и мерките за ограничено излегување надвор.

Врти-сучи, има нешто од фудбал за гледање

За оние на кои најмногу им недостигаат фудбалските натпревари, има нешто колку да не се без ич. Топката се тркала уште во австралиската А-Лига и во Белорусија. Турците најверојатно ќе донесат разумна одлука за прекин.

На добар коментатор не му треба фудбалски меч

Треба да е коментатор во душа, да меле и по можност да е Јужноамериканец. Добро и по малку да почнува да му фали микрофонот. Ќерка му си го знае добро и затоа воопшто не се збуни додека го спремаше какаото.

НБА ѕвезда на Мајами си олеснува карантин со фолк музика

Учесник на Ол Стар 2018, европски шампион со Словенија и МВП на Европско 2017. Словенецот Горан Драгиќ на Твитер го „охрабри“ својот тим Мајами Хит со еден „хит“ на Љуба Аличиќ облечен во јакна со логото на франшизата.

Пред еден век војна ги разбуди од сонот за титула, сега вирус

Фудбалот е сосема неважен во ситуација кога цела Италија, цела Европа и цел свет водат битка против Ковид-19. Меѓу оние клубови кои чувствуваат најгорчлив вкус поради прекинот е и клубот кој после долги години тргна во сериозен поход кон скудето.

Што мислење има Фелипе Мело за тоалетната

Додека трае хаштагот на десет жонглирања со тоалетната хартија ширум светот, еден од најгрубите фудбалери кој долго играше во Европа, има план за оваа акција.

Махер, но истовремено и малер на колото

Махер, ама истовремено и малер на колото. Влегвит 6-1 (добитно), од утредента не работет обложувалнициве, на неодредено. Исплата на лето:)))). Поздрав! Димитар.

Фудбалери кои се израдуваа што Европското се помести за 2021

Одложувањето на Евро 2020 за следното лето е историски настан, преседан. Овој турнир никогаш во историјата не се преместил а првпат се случува поради вирус да се премести еден голем фудбалски настан.

Поранешен македонски фудбалер ќе донира доручек за сите вработени во велешката болница

Знам дека ова не е многу, но сакам да ја разбудам свеста на сите добронамерни луѓе и заедно да ги испочитиваме луѓето кој што се секојдневно изложени на ризик.

Златан ли е, Менез ли е?

Некои голови се целосно уникатни и неповторливи, а еден од нив е овој на Жереми Менез на гостување против Парма. Колку само со памет ја одигра и заврши оваа акција, ни самиот не е свесен.

Не е рабона сè што лета

Пеколно дерби на градот Бирмингем: Астон Вила против Бирмингем, Дејвид Дан сака да направи рабона и да испадне шмекер, ама нешто не му тргнува по планот како што замислувал.

Импресивниот фудбалски финиш на Шумахер

Во овие булшит денови на спортско затишје во скоро цела планета, да се потсетиме и на иконата на Формула 1, Михаел Шумахер кој веќе седум години нема мрднато од дома и за кој и натаму немаме јасна слика во каква состојба е после лошиот пад на скијање и тешката повреда на главата.

Каква корона бе, има и нејзе да ја издриблам

Дечково е анонимен голман од Франција, односно беше сè додека не го фати с`клет пред гол. Се вика Лорент Монд, играше во пониските лиги и еден ден се реши да се претвори во Мбапе, кој додуше тогаш не бил роден, бидејќи снимкава е од 89-та. Тројца ги издрибла и ја дувна од преку 20 метри.

Центарфорот на Фиорентина пред да биде позитивен

Младиот српски центарфор Душан Влаховиќ е меѓу неколкуте фудбалери од Серија А кој беше позитивен на Ковид-19.

Ако вирусот не оди кај Златан, Златан ќе оди кај вирусот

Насловот можеби асоцира на некоја лудорија на Ибра, но всушност така само завршува неговото обраќање во кое повикува на помош од колегите заедно да и удрат клоца на короната и да го добијат овој натпревар.