На 40 години и натаму е еден од најдобрите ракометари на светот. Феномен каков што ретко се гледа во спортот. Капитенот на македонската репрезентација и сезонава, пред паузата поради глобалната пандемија, ги решеташе противничките мрежи, како на клупско така и на репрезентативно ниво.